Македонското овчарско куче-Караман е автохтона раса чии пра почетоци се врзуваат за неолитските земјоделско-сточарски населби со кои изобилува Македонија, како и со локалните номадски движења.
Македонците во минатото негувале посебен култ спрема ова куче, така што неговиот лик често зазема видно место на античките монети на Македонските кралеви, на вазите, мозаиците и скулптурите, во записите на античките историчари и античките поети, во иконостасите на македонските манастири, како и во епските народни песни собрани од македонските собирачи на народни умотворби од 19-тивек.
Караманот, куче кое го одгледувало епирското племе Молоси (племе од кое потекнува мајката на македонскиот крал Александар Македонски), а кое во античкиот свет било особено ценето и љубоморно чувано.
Во чиста форма го зачувале Мијаците и Власите чиј затворен живот се одвивал номадски и полуномадски, во постојано движење од летните кон зимските пасишта и обратно.
Поради неговата исклучителна храброст и верност, денес се среќава како заштитник на стадата овци, но и како заштитник на луѓето и чувар на недвижен имот.








































