Таа епрвата жена воен пилот запишана во Гинисовата книга на рекорди, родена 22.03.1913 во Бурса, Р. Турција.
Во 1925 год при една посета на Ататурк во Бурса, на нејзино барање таа се сретнува со него и му кажува дека има голема желба да се школува но нема можности. Ататурк по предходно одобрување од нејзиното семејство, ја посвојува и таа станува едно од 13-те посвоени деца од негова страна.
На 19.12.1934 год со донесувањето на Законот за презимиња во Р. Турција, Ататурк и го дава презимето GÖKÇEN што во превод од Турски на Македонски GÖК значи небо.
Нејзиното име е запишано и на плакатата објавена од воените сили на САД како една од 20-те најголеми авијатичари во историјата.
Во нејзина чест,еден од меѓународните аеродроми во Истанбул го носи нејзиното име.