*25 јуни во 1905 година, меѓу селата Куклица и Пендаќ, три илјадна турска војска и жандармерија ја опколила четата од 13 борци на македонскиот војвода Атанас Бабата (Атанас Димитров). Во жестоката борба, кога привршила муницијата, борците ја изгореле архивата на четата, ги искршиле пушките и револверите, извикувајќи: „Да живее слободна Македонија“ и се самоубиле. Атанас Бабата е еден од првите членови на ТМОРО, работел во повеќе од 16 реони, а бил раководител на околу 40 борбени акции. За време на Илинденското востание од 1903 година дејствувал во Кратовско.
дома РАЗНО Ретро и актуелни случки и настани 25 Јуни 1905 кобен ден за Атанас -Бабата и неговата чета