-31 март е Ден на македонското судство

-31 Март 1955 година,роден е Ѓоко Хаџиевски поранешен фудбалер, денес фудбалски тренер.Тој како фудбалер настапувал за Тетекс и Пелистер.Тој е еден од најуспешните тренери, историја на фудбалскиот клуб Вардар. Тој со црвено-црните впиша зад своето име дури 5 шампионски титули и 2 пехара во националниот куп со што е рекордер по освоени титули во црвено-црниот фудбалски колектив.Во неговата тренерска кариера, раководел со тимови од Бугарија (Цска Софија, Вихрен Сандански), Грција(Костур, Докса Драма, Атромитос), Азербејџан( Баку), Јапонија (Џубило Ивата), Саудиска Арабија(ФК Најран) и Македонија.

31 март 1889.- Во Париз свечено била отворена за посетителите Ајфеловата кула, челична гигантска градба висока 320 метри. Кулата изградена по повод Светската изложба ја конструирал францускиот инженер Александар Густав Ајфел.

-31 март 1945.- Президиумот на АСНОМ донесе Повелба за устројството на редовните народни судови на Федерална Македонија. .

–31 март 1948.- На планината Грамос, во месноста Клепчево, како политички комесар на баталјон на ДАГ, во борба против грчката владина војска, загина Михаил Апостолов – Гранати, голем македонски револуционер и борец за слобода на Македонија, активист и организатор на НОФ за Егејска Македонија. Роден е во селото Крчишта, Костурско, на 25 ноември 1923 година.
-31 март 1987.- Во Скопје умре прота Антим Поповски. Во НОВ на Македонија како свештеник извршуваше многу одговорни задачи, а во септември 1943 година стана и член на поширокиот состав на Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија. Во 1943 година беше избран за прв архиерејски намесник на слободната територија, а директно учествуваше и во донесувањето на одлуката за обновување на Охридската архиепископија и за организирање на Македонската православна црква. Роден е во селото Слатино, Охридско, во 1900 година.
-31 март 1993.- Излезена е доплатна поштенска марка „Република Македонија – Цвеќе на мирот“ што ја издаде Црвениот крст на Република Македонија од авторот Живко А. Поповски, дизајнот на Нико П. Този. Марката беше во промет од 1 февруари до 31 март. Марката е издадена осум дена пред приемот на Република Македонија во Обединетите нации. Инаку, оваа доплатна марка беше донесена со посебен закон на Собранието на Република Македонија.

– 31 март 2018 почина Академик Цветан Грозданов, редовен член на Македонската академија на науките и уметностите вчера почина во Скопје, извести МАНУ.Грозданов е роден 5 март 1936 година во Охрид. Студирал на Филозофскиот факултет во Белград, каде што дипломирал и ја одбранил својата докторска дисертација. Во 1985 година е избран за редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Имал повеќе должности и функции во општествените тела од доменот на науката и културата, како и на Универзитетот во Скопје. Бил министер за култура во првата Влада на Република Македонија избрана од плуралистичкото Собрание (1991/92 г.