*27 мај е ден на македонското електростопанство

*27 мај,1903.- Во Солун започна судскиот процес против учесниците во солунските атентати. Турскат власт формира специјален воен суд, кој им изрече пресуда на околу 300 лица. Четворицата атентатори што беа фатени: Павел Шатев, Марко Бошњаков, Георги Богданов и Милан Арсов, беа осудени на смрт. За 266 лица судот се искажа дека не е компетентен да им суди и беа ослободени, еден дел беше осуден на затвор од пет до сто и една година. Смртната казна на четворицата атентатори им беше заменета со доживотен затвор. По неколку месеци затворениците беа испратени на робија во разни затвори во Азија и во Африка, каде што Марко Бошњаков и Милан Арсов умреа, а Павел Шатев и Георги Богданов беа амнестирани и ослободени во Хуриетот во 1908 година

*27 мај 1922г.роден е Тале Огненовски ,врвен музичар и еден од најголемите музички уметници –кларинетист во Македонија.

*27 мај 1957.- Пуштен е во погон првиот агрегат на ХЕЦ „Вруток“.
*27 мај 1996.- Република Македонија и Обединетите Арапски Емирати воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасадори.









































