Легенда за „ГИНОВЦИ“-Кучевиште

0
118

Околу селата во скопска околија постојат многу стари напуштени места и села во кои живеело население во подалечното минато .За нив и ден денес се прераскажуваат разни приказни и случки.

Денес  ќе се осврнеме на местото –селото „Гиновци“недалеку малку погоре од Кучевиште.

И денес  меѓу ародот кружат приказни закуќите, бавчите водениците  ,оддносно за местоположбата на тоа село.

Името на тоа село го добило по името на некој богат селанец од тоа село Гино,народни старешина. на местото.

Гино имал 9 синови и плачел од доброто и богатството што му го дал господ.

Понатака легендата кажува дека во една прилика кога Султанот Мурат требало да патува за Косово,  со неговата голема придружба решиле да одморат баш во Гиновци.

Во таа прилика Гино како најбогат и воедно поглавица –старешина на  селото,решил да го угости  гостот  така што им рекол на синовите  да испечат 9 овни и тој начело со 9 те сина  ги однеле пред Султанот.

Кога стасале кај Султанот Гино и девете негови синови се поклониле пред Султанот и му ги предале печените овни.

Во таа прилика Султанот го запрашал Гино кој ти се овие девет млади момчиња , а Гино му одговорил дека тоа се негови синови.

Потоа следувало прашањето од Султанот до Гино дали некој син до сега му умрел , а Гино му одговорил не сите ми се живи и здрави.

На овој одговор Султанот на Гино му рекол и јас нема да ти земам ниеден од синовите штом и господ не ти земал,по што му дозволил на Гино слободно да си заминат и мирно да си живе  со 9-те синови.Раскажано од постар жител кој потекнува од Кучевиште.

Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН-18 ЈУНИ
Следната статијаНА ДЕНЕШЕН ДЕН-19 ЈУНИ

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука