*Географија и местоположба:
Селото Мралино се наоѓа на југоисток од Скопје и припаѓа на општина Илинден се наоѓа во непосредно до меѓународниот аеродром„Александар Велики“. Од Скопје е оддалечено 17 км и до него се стигнува поавтопатот Скопје-Велес или по локалниот пат што поминува низ Илинден. Во селото има црква. Покров на Пресвета Богородица , изградбата почнала на 30 септември 2000, кога камен темелникот бил поставен и осветен од Неговото блаженство г.г. Стефан. По единаесет годишна изградба, црквата била завршена и свечено осветена на 30 октомври 2011 година.
Во селото постои подрачно основно училиште кое е во состав на ООУ„Ристо Крле“-Кадино.
Во Мралино и неговата поблиска околина има старини кои укажуваат на тоа дека овде имало население од дамнешни времиња. На околу 500 м источно од селото се наоѓа вештачко возвишение викано наречено „Тумба“. На ова место се наоѓаат многубројните селски гробови. На средината од Тумбата има плитка вдлабнатина во правец север-југ (12-15 м). Како што се верува, во споменатата вдлабнатина некогаш лежела римска црква. Сосема е сигурно дека тука имало некаква римска населба. До самото село, каде што некогаш биле колективните штали (на југ до автопатот Скопје-Велес), до скоро се познавале стари гробови кои не припаѓаат на денешните родови на населението од тој крај. Според народното предание, денешното село Мралино е основано за време на Турците. Тогаш тоа припаѓало на некоја жена викана Мирали Анам. Како што се верува, по неа денешното село го носи името Мралино.
Пред крај на турското владение, со селото владееле чифлик-сајбии, кои имале свои чифчии, момоци и падари, од христијанско население.
Со почетокот на XX век село Мралино вкупно имало околу 30 христијански чифчиски куќи. Од страв дека државната власт ќе ја подели земјата на селаните, поколем дел од фамилиите околу 1908 година биле протерани од беговите. Од тие иселеници познати се Шапкалиовци, Спасовци, Топузовци, Никанчевци, Крошњаровци и други. При ослободувањето од Турците во селото имало само 4 трајно населени куќи.
Од чивликлукот селото се ослободило по Балканските војни и Првата светска војна. Затекнатото и новонаселеното население добивале земја во најголем дел со помош на аграрната реформа, а еден помал дел со купување од чифлик-сахабиите. Површината што ја зафаќа Мралино е околу 525 ха., по Првата светска војна 100 ха селска земја зела државата за потребите на аеродромот. Таму биле главните селски ниви, додека денешните ниви воглавно биле ливади и бари.
Население -родови:
Во Мралино во 1953 година имало 43 македонски и 4 српски родови. Сите овие родови биле воглавно скоро доселени тогаш. Во Мралино (по Трифуновски) , Во 1925 година , имало 14 куќи. Како први населеници се забележани: Колевци живееле и во Петровец, Цуцуловци доселени во текот на XIX век. Кацовци потекнуваат од Кичевскиот крај живееле во д. Лисиче, Кадино Село. Кумановци дошле од Идризово. Брдаровци , дошле од Бабуна, Велешко, старо презиме Голомеовци. Коштановци дошле од Батинци. Цветановци од Дељадровци , преку Бујковци и Петровец. Попови од Бадар на слив од реката Пчиња. Пејковци дојдени од Кадино село. Никанчевци од Драчево , живееле и во Петровец и во Бујковци. Ристиќи, дојдени од Рвати од Рашка преку Д. Грабовица во Топлица и Скопје. ( Од Старина потекло им е од Призрен , преку територија на Васојевиќи и Никшиќка Жупа во Сјенички крај и понатаму во Ибарска долина, – Рашка) . По Трифуновски , после 1926 година во Мралино се доселуваат и следниве родови, Бојчевци 1926 година од Побожје скопско, уште по далечно потекло им е од “Велешко ” . Ѓаковци и овие 1926 година се дојдени од Побожје, нивното по далечно потекло им е од Ѓаковица- Косово. Јанкови, Говедарови, Стојкови и Горњивски се дојдени 1926 година од Побожје. Бистричани се доселени 1927 година од Бистрица , околина на Велес (овде купиле чифлик, дошле преку Скопје).Спасиќи од околината на Куршумлија дошле 1921 година. Маринковиќи од околината на Куршумлија дошле 1925 година. Јовановиќи дошле 1919 година од околината на Чачак во Кадино Село па од таму Кузман Јовановиќ 1926 година поминува во Мралино како домазет.Фамилијата Атанаскоски се доселени од селото Здуње Македонски брод. Во 1958 се доселило и семејството Готиќ од с. Могила, Косовско.Демографски податоци за Мралино:1900г-42 ж.,1905-24ж.,1914-68ж.,192
Во периодот 1945-1955г., Мралино било дел од тогашната Општина Бунарџик.
Од 1955г.до 1965 г. било во состав на општина Петровец.
Во периодот од 1965 до 1968 било во состав на општина Кале ,
Од 1968 до 1976 година било во состав на општина Гази Баба.
Од1996 година, е во составот на општина Илинден.
ФК Мралино
Почетоците се во 60-тите години од ХХ век, Мралино имаше силен фудбалски клуб кој се натпреваруваше во општинската лига , Петровец. Првиот тим, ФК Мралино од тоа време познати се следните играчи, Мицко Мирчевски (Богдан Мирчевски, Томислав Настевски), Ѓоре Благоевски, Димитар Маринковиќ,Бранко Кудрановиќ, Томислав Јовановиќ, Тофил Велковски, Боне Петковски, Мицко Мирчевски, Драган Колевски, Младомир Јовановиќ, Богољуб Игњатовиќ, Цветан Петковски Дусан Петковски , . Подоцна кон тимот се приклучуват и играчите од помладата генерација : Спасо Велковски, Пере Ѓеорѓиевски, како и играчите од подмладокот на Ф-к. Вардар : Кирил Дојчиновски и Борче ( Шеки ) Блажевски.