Легендата вели Во XIV век, во времето на тогашниот феудалец Константин Дејанов, ќерка по име Сара, која била многу итра и палава. Дошло време Турците да го заземат Кратово и никако не можеле да ја разбијат Краличина кула.
Почнале да фрлаат стрели со пламен во кулата и горниот дел почнал да гори. Кралот, кралицата и ќерката Сара виделе дека ќе бидат погубени и одлучиле да побегнат по подземните ходници. Сара се качила на балконот и викнала: „Кралство предавам“ и го фрлила клучот од кулата. Додека Турците да го најдат клучот за да отворат, Сара побегнала со торба златници, и оттогаш до денес меѓу кратовци постои изреката: „Турци ни пари нашле ни Сару нашле“. Денес од Краличната кула има само видливи остатоци
Тунелите се изградени во време на Османлиска окупација, но не се толку познати меѓу јавноста.Има информации дека еден тунел има околу 200 метри, а тргнувале од кулите и воделе низ камен терен во правец на коритото на Кратовска Река. Досега се познати шест влезови во тунели.
Ретко кој град на Балканот може да се пофали со средновековни кули и подземни тунели. Tие се гордост на овој град.
Тунелите биле направени за да се кријат монетите кои што биле ковани во кулите, што едновремено биле и ковачници и менувачници.










































