ЛЕТАЊЕ ЗМАЈ-ДЕТСКА ИГРА ОД БЛИСКОТО МИНАТО
Деновиве една глетка од летање на Змај ме врати во детските игри од минатото.
Имено нашиот сограѓанин Ljupce Bube Trajcev на син му, му приреди забава летање змај,кој лично го изработил,од матријал трска која во нашата средина ја има во изобилство.Оваа детска игра која повеќе ја изведувале машките деца се изведувала се до блиско минато време од неколку децении,која имало неформален натпреварувачки карактер меѓу децата , чиј змај е подобро изработен, поголем,поголема и поинтерсна опашка,поиздржлив,кој лета повисоко и повеќе време за задржи во воздухот.Со очи вперени во играчката и постојано потрчување и по некое паѓање при тоа ,ама сепак на радоста и немало крај.










































