ЗОШТО СЕ ВЕРУВА ДЕКА ОЏАЧАРИТЕ НОСАТ СРЕЌА
Некогаш одамна во Италија некој оџачар влегол во три куќи на иста улица во ист ден и на сите три куќи тој ден им се случиле убави работи.Кога се собрале соседите на седенка и си ги раскажале убавите работи што ги доживеале дошле до заклучок дека тоа им се случило поради доаѓањето на оџачарот
Постои верување, според кое, има логика дека оџачарите носат среќа, затоашто кога е затнат оџакот се чуствуваме несреќно, чадот се враќа во куќата, што значи дека домот „не диши“, чадот се задржува внатре со што се загадува домаќинството, а со тоа се таложи негативната енергија.
А, откако ќе се очисти оџакот чадот да излегува надвор, што во тој момент претставува чистење и ослободување на домот од лоши и негативни сили.
Постои и верување дека оџачарската среќа се припишува и за тоа затоашто оџачарите рано се будат , а од тука можеби произлегува изреката „кој рано рани, две среќи граби“.
Оџачарот како ранобудник е посреќен од оние кои доцна се будат.










































