Борче Георгиевски ,фудбалер на ФК Илинден, спаѓа во славната генерација на клубот која се избори и играше во 2-ра лига.Настапуваше на позиција во халф линијата , спаѓа во еден од подобрите фудбалери што играле за клубот.Неговата игра беше забележана и од други фудбалски екипи и извесен период тој настапуваше и за ФК Маџари.Инаку потекнува од фудбалско семејство кое дало неколку фудбалери кои настапувале за ФК Илинден и други македонски фудбалски клубови.








































