НА ДЕНЕШЕН ДЕН-20 Октомври

0
362

 *20 октомври е Светски ден на готвачите(На фотографијата нашиот готвач Боби Симоновски-Бујковци)

*  20 октомври 1915 во с.Ореовец, Прилепско роден е Мирче Ацев.Потекнува од револуционерно семејство, кое дало 14 борци за слободата на Македонија, и во времето на Илинден, и потоа во времето на НОБ.Починат е на 4 јануари 1943г.

*20 Октомври 1912 – Уште пред објавувањето на Војната, на планината Плачковица се појавиле повеќе доброволни чети. Пристигнале и неколку партизански водови на ВМОРО. Овде се нашле и војводите Ѓорѓи Поп Христов, Марко Иванов, Павел Христов, Васил Чакаларов, Иван Попов и Христо Силјанов. Оттука често се префрлувале кон Тиквеш, кон Гевгелија и за Костурско. Насекаде на четите им се приклучувало месното население, а се воделе и активни борбени дејства. За кратко време биле ослободени повеќе села. На 20 октомври бил ослободен градот Воден, каде што била воспоставена власт од месното население. Војводите Васил Чакаларов, Иван Попов и Христо Силјанов, кои претставувале силен авторитет уште од Илинденското востание, масовно го привлекувале населението, па за кратко време била ослободена голема територија на просторот Костур – Лерин – Воден.

*20 октомври 1875г. Во селото Горно Броди, Серско, Егејска Македонија, е роден Димо Хаџи Димов, најборбен и најсестран идеолог и теоретичар на автентичното македонско национално ослободително движење, близок соработник на Гоце Делчев, на Јане Сандански и на други истакнати македонски револуционери. Во Софија, по порачка на бугарскиот двор, сред бел ден, терористот Величко Георгиев (Владо Черноземски) го застрела на 13 септември 1924 година

* 20 октомври1915.- Во селото Игуменец (Гега), Пиринска Македонија, е роден Антон Попов, македонски револуцонер, публицист, писател, познат комунистички активист и учесник во илегалниот отпор против фашистичкиот режим во Бугарија. Го стрелаа фашистичките џелати во Софија, на 23 јули 1942 година.

*20 Октомври 1922 – Истакнатиот американски писател Ернест Хемингвеј во својот извештај од Македонија за “Торонто дејли стар”: “Речиси половина милион бегалци се во Македонија! Како тие да се нахранат никој не знае… Дојдете во Македонија и помогнете!”

ВОЗ ВО ОВЧЕ ПОЛЕ

* 20 октомври1924.- Пуштена е во сообраќај железничката линија меѓу Велес и Штип

*20 октомври1943.- Во селото Д`мбени, Костурско, е одржан основачкиот состанок за формирање на организацијата Славјано-македонски националослободителен фронт (СНОФ) во Костурско

20 октомври1994.- Амбасадорот на Република Македонија во Руската федерација, Гане Тодоровски, на свечената церемонија во Кремљ, му ги предаде акредитивите на претседателот Елцин. “Не се разочаравме што ве признавме под името Македонија”, изјави Елцин.

* 20 октомври2003.- Почина Ѓоко Георгиев, водителот на првите контактни емисии на Македонското радио “Три гонга” и “Средби низ музика”. Тој ќе остане запаметен и како автор на 3.000 текстови за поп-музика, и соработник-новинар во „Нова Македонија“, „Вечер“, „Журнал“ и „Екран“. Роден е во 1926 година.

* 20 октомври2013.- Во Белград почина вдовицата на поранешниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито, Јованка. Таа е родена во 1924 година, а во 1952 година се омажила за Јосип Броз Тито со кого живееше до неговата смрт во 1980 година. Јованка Броз изминатите години живееше во скромни услови во белградската населба Дедиње. Вдовицата на Тито ретко се појавуваше во медиумите, а во последните месеци големо внимание привлече нејзината исповед.*

*20 0ктомври 2015.- Во 87 година од животот почина професор Драган Хаџиевски еден од основачите на сеизмолошката опсерваторија во Скопје. Хаџиевски бил редовен професор на ПМФ, член на Меѓународната асоцијација за сеизмологија, Европската комисија за сеизмологија, Здружението на сеизмолози на Македонија, делегат во Заедницата за сеизмологија на СФРЈ, уредник на домашни и странски списанија од геофизика и физика. Речиси целиот работен век го минува во првата сеизмолошка институција во Република Македонија, Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, основана уште во 1957 година. Тој е вториот управник на оваа институција, должност што ја обавува од 1961 година до пензионирањето во 1988 година. 

*20 -ОКТОМВРИ-2019 СЕ ОСВЕТИ ЦРКВАТА „СВЕТИ ТРИФУН“ ВО АЈВАТОЦИ.Во Ајватовци постојат два црковни храма „Св. Трифун“ и „Свети Петар и Павле“Свети Трифун како главна селска црква, се наоѓа помеѓу двата рида во горниот дел на селото, се претпоставува дека нејзината градба е започната при крајот на 19 или почетокот на 20 век.

Претходниот артикал,Денес осветување на црквата „Свети Трифун“ -Ајватовци
Следната статијаНа денешен ден- 21 Октомври

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука