„МАКЕДОНСКА КУЌА“ – Скопје

0
74

„Македонска куќа“ всушност била дом на најуспешниот градоначалник кој воопшто го имал Скопје, Јосиф Михајловиќ.

Палатата била изградена по негов проект.

Интересно е дека својата сопствена куќа ја користел како приемна резиденција на градоначалникот бидејќи просторот бил соодветен за таа намена.

Во неа било инсталирано првото парно греење во градот.

Ја градат мијачки познати мајстори у тоа време, од каде и тој потекнува, со мијачки клепан камен.

Ентериерот бил најмодерен за тоа време, со вкомпонирана голема фреска-мурал со мијачки мотиви од сликарот Лазар Личеноски. Фреската била со височина од еден метар и со широчина од 2,20 метри. На неа бил прикажан мотив од мијачкиот крај – како Ѓурчин Кокале од Лазарополе фрла камен.

Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН -25 декември
Следната статијаБратство-Единство-ФК Илинден -1979г.

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука