НА ДЕНЕШЕН ДЕН -13 јануари

0
135

13 јануари 1879.- Во селото Мирковци, Скопско, е роден Петар Манџуков, македонски револуционер, просветен работник, анархист, учесник во четата на Гоце Делчев, еден од основачите на Македонскиот таен револуционерен комитет во Женева (1898 г.), како и соработник на илегалните весници „Отм`штение“ и „Глас“. Позната е неговата мемоарска проза „Предвесници на бурата“.

13 јануари 1920.- Во Струмица е роден проф. Христо Стамболиев, еден од основачите на Технолошко-металургискиот факултет во Скопје и негов прв декан. Негова преокупација беше остварување на научната мисла во неорганската хемија, аналитичката хемија и технологијата на силикатите. Умре на 2 јули 1989 година.

 13 јануари 1923г.од комитската чета на Лазо Дивљанец ,во село Дивље ,убиен бил повереникот на владата, Трајко Блажев.

*13 јануари 1943 годинаУбиен бил Благој Страчков. Роден е на 29 фавруари 1920 година во Велес, во сиромашна работничка фамилија. По почетокот на Втората светска војна и влегувањето на бугарите во Велес, Благој бил избран за член на месниот комитет на KПJ. Благој во септември 1942 отишол во партизанскиот одред „Димитар Влахов“. Одредот имал 3 чети, а Благој станал политички комесар на Втората чета. Во декември 1942, бугарската окупаторска власт презела широки акции за разбивање на одредт. Таква битка била битката кај Фојничка Пeштера кадешто одредот се разделил. Благој со група борци требало да тргне кон Скопска Црна Гора, но поради густиот снег кај Катланово, биле принудени да се вратат во градот. Нв 13 јануари 1943 година во еден миг Благој само извикал дека победата ќе биде на страната на партизаните. Кога го слушнале ова разбеснетите бугарски војници го закопале жив, а после го откопале и го исекле на парчиња.

*13 јануари 1944 година на влезот во селото Пелинце,се водела битката  помеѓу батаљонот предводен од Христијан Тодоровски Карпош и бугарите. Во битката загинале Шајче, Летеќи и 18 бугарски полицајци, а 25 биле заробени.Големата победа ја зацврстила слободната козјачка територија, по што е формирана Третата македонска ударна бригада.

13 јануари 1948.- Во селото В`мбел, Костурско, Народноослободителниот фронт (НОФ) на Македонците од Егејска Македонија го одржа својот прв конгрес на кој се резимирани постигнатите резултати во тригодишната дејност и тригодишната оружена борба на македонскиот народ за опстанок, за национални и социјални права и слобода и се дадени насоки за натамошно дејствување. Овој конгрес има големо историско значење и претставува симбол во аналите на револуционерната борба на македонскиот народ.

13 јануари 1994.- Во Скопје умрел Добри Ставревски, еден од најпознатите пејачи на народна музика. Роден бил во 1934 година.

Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН -12 Јануари
Следната статијаФК„ИЛИНДЕН“, низ времето

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука