-22 јануари 2001 година, со рачен ракетен фрлач и автоматско оружје беше нападната полициската станица Теарце во близина на Тетово. Настанот се смета како почеток на војната во 2001 година.Во оваа заседа загинува полицаецот МОМИР СТОЈАНОВСКИ (†31), а тројца беа ранети. Постхумно е одликуван со медал за храброст од страна на Претседателот на Македонија.

-22 јануари 1945 година По изречената смртна пресуда од страна на Народниот суд во Кавадарци е стрелан полковникот Љубен Апостолов, командант на 56 пешадиски полк на бугарската армија. Tој беше директно одговорен за спроведувањето на Јунската офанзива од 6 до 16 јуни 1943 година во Тиквешко и одговорен за стрелањето на 12-те ваташки младинци на 16 јуни 1943 година.
* 22 јануари 1978.- Првпат во историјата на космонаутиката, во вселенската орбита била остварена “операцијата снабдување”. По дводневно самостојно летање товарниот брод без екипаж “Прогрес – 1” автоматски се споил со системот “Саљут – 6” – “Сојуз – 27”. Ова летало однесло во вселената гориво за моторите, материјали за натамошно истражување, како и вода, воздух и храна за космонаутите.
–22 јануари 1997.- Во Загреб умре Ордан Петлески, македонски академски сликар. Роден е во Прилеп на 24 август 1930 година.
-22 јануари 2001.- Умрел Радослав Стојанов – Раде, солист, водач на виолончелистите на оркестарот на Операта на Македонскиот народен театар. Роден бил во 1949 година.









































