2.8 C
Skopje
сабота, мај 2, 2026
Место за реклама
Атанасовски
дома Култура Страница 61

Култура

Културното живеење во Илинден до ослободувањето на Македонија во 1944 година било на ниско рамниште и со ограничени активности. Културно забавниот живот воглавно бил застапен за време на верските празници , традиционално се одржувале во дворот на селската црква или на сред село. Забавите со народни инструменти ги спроведувале поединци мештани кои знаеле да свират на народните инструменти.Месното население, тогаш, ја користело приликата заеднички, со гостите од другите села, да ги прикаже вештините во играењето на традиционалните македонски ора и пеењето на старите изворни македонски песни. Но, имало и поединци, како што биле надалеку познатите лица кои имале посебна наклоност и дарба да изведуваат разни скечеви, да кажуваат вицеви, саркастично да се потсмеваат на некоја појава или настан, а често пати, да се нашалат на своја, но, и на туѓа сметка. Тие, за да бидат поверодостојни, често пати носеле и соодветни маски, со кои уште повеќе го привлекувале вниманието и предизвикувале општа смеа и опуштеност меѓу гостите и месното население.

Ќилим рачноизработен на разбој

0
Ќилим рачно изработен-исткаен на разбој, секоја млада девојка во својот чеиз,морала да има ткаени килими за бакшиж на свекор,кум,старејко итн.

Трпа,Рада и Илинка-1955

0
*Млади девојки од Илинден Трпа Маџункова,Рада Стојановска и Илинка Видинска-1955г.,во народна носија од скопска блатија

Драгица и мајкаи Перса

0
*Драгица Мирковска ,сопруга на Лазо Мирковски од родот Арсови и нејзината мајка Перса Златановска -Шмакова од Илинден, која е сликана во народна носија од...

Лоза и Марица-1966

0
*На фотографијава Лоза Давитковска (која припаѓа на родот „Јаневи“ ,1946-2013г)во народна„ селска “носија од скопска блатија ,која беше омажена за Спирко Давитковски од Мршевци. ...

Млади од Илинден-1964

0
*Фотографијава е направена 1964г. на некој верски празник кај црква,на истата се млади девојки , дел од нив во народна носија(селска носија) ,а дел...

Зорка,Драгица и Павлина-1966

0
*На фотографијава Зорка Ристовска ,Драгица Пурчева и Павлина Пиличковска . Сликата е од 1966/67г.,на некој верски празник до кога сеуште некои девојки се облекуваа во...

Млади од Илинден -1946

0
*Фотографија од 1946г.,на истата млади од Илинден. Доле Благоја Бошковски- Бејтовски и девојката e од Пурчеви,горе девојката на крај Божа Илиевска-ќерка на Дуна и...

Млади од Илинден-1965

0
*Фотографија од време на 60 те години од минатиот век. На фотографијата млади девојки од Илинден . Горе:Ката, Драгица , Донка и Доле:Ленче и Тода ,...

Mлади од Илинден-1955

0
*Фотографија од 1955г.на истата млади од Илинден првата девојка е од Аџиевци,ќерка на Блажо ,втората е гостинка од Ајватовци-во народна носија од скопска блатија...

Сестрите Роса и Зорка

0
*На сликата сестрите Роса била мажена во родот Милошеви и Зорка била мажена во родот Кошарчеви и двете во Илинден ,сликани околу средината на...

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ