9.8 C
Skopje
вторник, април 14, 2026
Место за реклама
Атанасовски
дома ОПШТИ ПОДАТОЦИ Трговија и Угостителство

Трговија и Угостителство

Првите продавници за колонијална стока во Илинден биле отворени помеѓу двете светски војни , но биле затворени во 1941 година, непосредно по започнувањето на војната. По војната ,по формирањето на СРЗ, во 1948 година, во задружните простории се отвориле така наречените продавници –кооперации.Дури во 60-те години дошло до отварање на посовремени продавници на „Славија“од Скопје во поголемите села Илинден,Кадино,Миладиновци и други.
Денес на оваа територија постојат големи трговски компании и маркети ,а снабдувањето во ништо не се разликува од Скопје.
Угостителство како стопанска гранка долги години било на ниско ниво . Доколку имало некаков угостителски објект, тој бил мал и едноставен и претежно служел за собирање и дружење на месното население. Во почетокот, угостителските услуги се добивале во првите „Кооперации“ кои, покрај снабдувањето со основни прехранбени и други артикли, располагале и со билјард маси, каде бил служен пијалок и некое поедноставно јадење.
Прв најголем угостителско-туристички објект изграден во овој дел од поширокото подрачје на Скопје е хотелот „Белви“на почетокот од 70-те години од минатиот век ,а денес покрај него постојаат ушт 10-на големи туристичко-угостителски објекти.

„СЕНИ БУРГЕР“Успешни веќе 21 година

0
   Брзиот стопански развој преставува локомотива на севкупниот развој во нашава средина, така и во наредниов прилог ќе Ви преставиме еден  угостителски субјект кој веќе...

АТРАКТИВНИОТ РЕСТОРАН „БИСЕРА“

0
АТРАКТИВНИОТ РЕСТОРАН „БИСЕРА“,ПОРАНЕШЕН „РОЏЕР ПИЈАНО“

Хотел „Белви“

0
Со оваа фотографија сакаме да Ви го доловиме убавиот амбиент, одличен за викенд престој во најелитниот туристичко рекреативниот центар „Белви“,населба Илинден

Прва современа продавница во Илинден- 1960

0
Прва современа продавница во Населба Илинден отворена од реномиранато трговско претпријатие „СЛАВИЈА“-Скопје ,отворена шеесетите години од минатиот век.На сликата продавачите Санде Георгиевски од Илинден...

„Мај-Маркет“современ трговски угостителски објект

0
Комплексот за снабдување и угостителство „МAJ MARKET“

МЕСАРНИЦА Zlate-Mes

0
Месарница Zlate-Mes, располага со најквалитетно свежо домашно месо и сите месни производи Во населба Илинден,веднаш до училиштето Гоце Делчев. Цени пристапни,беспрекорна услуга. За порачката печењето...

ХОТЕЛ БЕЛВИ

0
Еден од најпрво изградените хотелско угостителски објекти изграден на територијата на населба Илинден е хотелот "Белви". Хотелот бил изграден во 1969-1970 година и бил...

Маркет „Св.Јован “

0
Маркет „Св.Јован “

Популарно