***Неколку стотици метри,јужно од селото , се наоѓа уште еден археолошки локалитет наречен „Ограѓа“, населба од римско време. Денешниот археолошки локалитет Ограѓа, во римско време било населено место, во кое населението се занимавало со земјоделие и по малку со сточарство. За тоа сведочат повеќе материјални докази од темели на објект, откриени при изградбата на браната за наводнување односно денес Бучинското Езеро. Тоа се делови и фрагменти од керамички садови и градежен материјал од камен и тегули.