*Според некои согледувања и кажувања на постари жители, и во с. Мралино, во римско време,
постоело населено место. Имено, источно од селото на далечина од околу 500 метра се наоѓа вештачки изградено возвишение, кое се нарекува„Тумба“. На ова возвишение се забележува плиткадупка во правец Север-Југ (должина околу 12 метри иширина околу 5 метри). Како што се верува, воспоменатата дупка некогаш се наоѓала „Римска Црква“ (имала врата кон југ).
Во нивите при орањето биле откопани разни видови на керамички садови и други градежни материјали како и една човнечка глава од глина, кои според кажувањата на мештаните, им припаѓале на римските жители кои тука живееле во римско време
Покрај тоа, во близина на поранешната задружна штала, до пред околу шеесетина години, биле откопувани стари гробови кои биле од „старо време“, за кои жите-лите претпоставувале дека се од крајот на римското владеење.