„Карџови“потекнуваат од село Бродец ,а во Илинден доселени се во 1926 година.
Први кои го оформиле нивноте семејство во Илинден е брачниот пар Стевко и Божана,кои имале пет деца :Перо,Анушка,Стојанка,Столе и Милка.

*Перо ,син на Стевко,оженет со Јовка имале четири деца :Стоја.Живка,Велика и Даре.
-Стоја ,ќерка на Перо се омажила во Маџари.
-Живка ,ќерка на Перо се омажила во Скопје.
-Велика ,ќерка на Перо се омажила во Скопје.

-Даре,син на Перо оженет со Стојана и имаат четири деца: Виолета која се омажила во Нови Сад,Снежана која исто така се омажила во Нови Сад,Јовка која се омажила во Крушевац и Јасмина исто така омажена во Крушевац.

*Анушка ,ќерка на Стевко,омажена за Мирко од родот „Мерџанови“во Илинден и имала шест деца :Никола,Цветко,Бојко, Анѓелко,Митра и Илинка омажена за Живко од Марино.
*Стојанка, ќерка на Стевко,омажена за Цветко од родот „Чанкулови“ во Илинден и имала пет деца :Богдан,Стојан,Велика,Ружа и Петре.

*Столе,син на Стевко бил оженет со Марија и имале осум деца: (Златко),(Лепа),Босилка,Нада,(Љубица),Загорка,,(Божидар) и Мица.
-Златко ,син на Столе оженет со Љубица имаат син ,Зоран.
Зоран, син на Златко има има две ќерки Мартина и Емилија.
-Лепа ,ќерка на Столе била омажена во Смилковци и има две деца:Звонко и Светлана.

-Босилка ,ќерка на Столе се омажила за Томче формира семејство во Илинден и има две деца Миле и Мирјана.
Миле ,син на Босилка и Томче има две деца Марија и Томче.
Мирјана ,ќерка на Босилка и Томче омажена во Мршевци.

-Нада,ќерка на Столе се омажила во Шабац -Србија и има три деца:Мирјана,Билјана и Златко.
-Љубица ,ќерка на Столе се омажила во Љубљана-Словенија и има две деца Горан и Лилјана .
-Загорка , ќерка на Столе се омажила во Кочани и има две деца Александра и и Ивана.
-Божидар ,син на Столе ,не оставил пород.
-Мица ,ќерка на Столе се омажила во Цеље-Словенија и има две деца Срѓан и Горан.
*Милка ,ќерка на Стевко ,омажена за Сарафин од родот „Трајанови“-Илинден со кого имале пет деца: Никудин,Здравка,Живко,Ленка и Владимир.
Куќна слава на родот Караџови е Св. Врачи.
На родот „Караџови“ ИВКОВСКИ им административно презиме.
Благодарност до Босилка Славевска (75г.,потомок на овој род)за нејзиниот придонес со усни кажувања и фотографии за припремата на објавата.
***************************************************************************
НАПОМЕНА : Објавата е создадена според усни кажувања, можни се евентуални грешки или недостатоци.
На Ваше укажување со факти истите ќе бидат корегирани, дополнети или отсранети .
Контакт преку порака или коментар,благодариме на разбирањето и соработката.
***************************************************************************