* 2 јануари 1952 година во Торино,Италија почина Христо Татарчев – Учи во Ресен, Брацигово и Пловдив. Студирал медицина во Цирих и Берлин. Дипломира како лекар во јули 1892 г. Потоа е поставен за школски лекар во Солунската машка гимназија „Св.Кирил и Методиј”.Eден од основоположниците на Внатрешната македонска револуционерна организација, основана во Солун, во 1893 година”Во почетокот на 1901 год., е осуден на 5 год. и е пратен на заточение во Подрум-кале. Амнестиран е на 19 август 1902 год. При крајот на 1902 год. е именуван за член на Задграничното претставништво на Организацијата во Софија.

* 2 јануари 1905.- Над селото Кнежево, Kратовско, почна Конгресот на Скопскиот револуционерен округ на ТМОРО, што траеше до 7-ми јануари истата година.

* 2 јануари 1946.- Македонските политички затвореници од затворот “Касандра” во Грција, упатија апел до владите на СССР, на Велика Британија и на САД во кој меѓу другото, се вели: “Во сегашните историски денови, ние припадниците на македонскиот народ во Егејска Македонија, кои се боревме против другите окупатори и нивните слуги, принудени сме сега и на политичко поле да водиме тешка борба против грчката реакција…”.

*2 јануари 1959.- Лансиран е првиот вселенски брод кон Месечината, советската „Луна I“ без човечки екипаж.

* 2 јануари 1971г. роден е Александар Маленко –пливање,беше еден од најталентираните пливачи од балканските простори ,беше најмлад учесник на Олимпијадата во Аталанта ,учесник на многу државни ,балкански ,европски и светски натпреварувања и многу освоени трофеи.
* 2 јануари 1988.- Во Скопје умре д-р Ремон Рубен, професор на Медициснкиот факултет во Скопје и еден од водечките струшњаци во областа на дерматовенерологијата во Македонија. Тој има голема заслуга за основањето и дејноста на Клиниката за кожни и венерични болести на Скопскиот медицински факултет. Роден е во Скопје, во 1911 година.
* 2 јануари 1999.- Умре Јордан Конев, еден од доајените на македонското новинарство. Роден е во Штип, на 12 ноември 1931 година.
* 2 јануари 2013.- По тешко боледување почина Благоја Дојчиновски–Дојо, роден во Скопје, 1947 година, истакнат стопанственик кој 13 години беше претседател на Управниот одбор на фондацијата „Милениумски крст“ при Македонската православна црква и има големи заслуги за изградба на Милениумскиот крст на Водно во 2002 година. Активно учествувал во работата на Занаетчиската комора Скопје и беше нејзин претседател