Изминативе 10 дена поминаа во одбележување на патронатот на ООУ „Ристо Крле“-Кадино и оваа фотографија е од прославувањето на патронатот на истото училиште кога носеше друго име.
Имено со изградбата на новото училиште во Кадино 1979 , кумството за новото училиште им беше доверено на Гарнизонот на Аеродромот тогаш Петровец, кога по нивен предлог училиштето беше именувано „Виктор Бубањ“
На фотогтафијата од раните 80-те години од минатиот век , преставникот на МЗ Кадино Трајан Најдовски во присуство на воени старешини од гарнизонот на директорот Русе му го чесстита патронатот.