Бучинци – Основни податоци

0
1128

*Бучинци се наоѓа во крајниот источен дел на Скопската Котлина и припаѓа на Општина Илинден, а атарот се допира до територијата на Општина Куманово. Од градот Скопје е оддалечено 29 километри. Селото е рамничарско и лежи на 370 метри надморска височина[. До самото село постои брана со вештачко езеро. Селото Бучинци е расположено во подножјето на ридскиот предел , огранок на Скопска Црна Гора на запад и пространиот рамничарски предел на север, исток и југ. Од Бучинци  кон североисток говорот е „кумановски“ или „шопски“, додека јужно е „блатиски“. Во Бучинци и овој дел на Скопската котлина во минатото постоела границата во етнографско-фолклорните одлики и карактеристики помеѓу скопскиот и кумановскиот крај. Атарот на селото зафаќа простор од 6,8 км2 и на него преовладува обработливото земјиште на површина од 453 хектари, а на пасиштата отпаѓаат 198,6 ха.
Историja
Бучинци е едно од постарите села во Скопската котлина, а воедно најстаро во северо-источниот дел на скопската област. На месностите Градиште и Црквиште северно и северозападно од селото, се пронајдени остатоци од античко и повеќе други епохи, како и стари гробови. Староста на Бучинци се огледа и по тоа што во ова село сите селски родови се старинци („од век се овде“). Од пишаните документи од средновековиот период од XV век, односно од опширниот пописен дефтер бр. 12 од 1452/1453 година за тогашниот Скопски вилает, за селото Бучинци е запишано дека во него живееле вкупно 23 македонски христијански семејства, 3 неженети и 1 вдовица кои произведувале пченица, јачмен, ‘рж, овес, граор, одгледувале лозја, чувале свињи и пчели во улишта за што остварувале приход од 3035 акчиња. Подоцна во XVI век, во 1544 селото имало 52 македонски христијански семејства, а во 1568 биле забележани 56 христијански семејства. Околу средината на XIX век Бучинци станало чифлик на Мемед-бег од Скопје, кој се задржал до 1912 година и на кој работеле сите селани кои во сопственост ја имале само стоката и добитокот. Македонското население на Бучинци кон крајот на XIX и почетокот на XX век, било активно во македонското револуционерно ослободително движење, па затоа во 1910 година во селото било спроведена акција за разоружување од османлиските власти, при што жестоко биле измачувани 14 жители на селото. Североисточно од Бучинци се наоѓа селото Грушино чии што жители Албанци, вршеле многу злосторства и убиства над Македонците од Бучинци, кои се одржале и останале во селото единствено поради заштитата од бегот. Воочи на Првата балканска војна во 1912 година, турските власти ги уапсиле, однеле и затвориле во Скопје сите машки лица на возраст над 13 години[8]. Само 2 момчиња успеале да се скријат во трлата, но биле пронајдени и убиени од Албанци од Грушино.
Потекло и значење на името
Името на селото Бучинци потекнува од македонскиот јазик и за неговото потекло и значење постојат неколку претпоставки. Тоа може да доаѓа ојконимот Бучин (дол) од придавка од бука или од личното име Бучо. Сепак овие две претпоставки се неточни со оглед на местоположбата во подножје на рид и ниската надморска височина каде не растат букови дрвја. Во географската терминологија на дијалектите на македонскиот јазик именката бучин означува: „’место во река каде што паѓа водата (со бучава), мал водопад’“ односно бучен водопад. Доколку се земе ова во предвид дека и се поврзе со условите на теренот, каде во долот до подножјето на ридот над Бучинци навистина постои мал водотек – поток со водопади, на кој е изградено денешното вештачко езеро, се потврдува веродостојноста дека името на селото Бучинци потекнува од мал бучен водотек/водопад и бучавата на водата.
Археолошки наоѓалишта
 Градиште, градиштеод раноантичкото и римското време. На 100 m западно од селото, на доминантна височинка со зарамнето плато се среќаваат фрагменти од керамички садови карактеристични за раноантичкото и римското време. На подножјето на градиштето од источната страна, во лозјата се среќаваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал (тегули, имбрекси, а и монети од Јустинијан I). Според последните археолошки истражувања, на овој локалитет отркиена е некропола од 7 и 8 век пред нашата ера.Пронајдените артефакти, меѓу кои и т.н. македонско-пајонска бронза го покажуваат погребниот ритуал на пајонските племиња, чии живеалишта се приближно во исти граници на денешната Македонија и според досегашните сознанија е најсеверната граница на која живееле пајонските племиња.
 Ограда, населба од римското време. Неколку стотици метри јужно од селото, при изградбата на браната за наводнување се откриени темели од објект. На релативно мал простор се среќаваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал (камен, тегули).

Стопанство
Населението на Бучинци во најголем дел се занимава со земјоделие и сточарство, а особено е развиено и лозаро-овоштарствто. Условите за земјоделство се многу поволни и поради самата местоположба на селото бидејќи на долинските падини се одгледуваат суви, а на долинското дно (полето) влажни култури, а педолошкиот состав на земјата и климатските услови овозможуваат успевање на земјоделски и индустриски култури. Како и во околните села, најзастапени се житните култури: пченицата, пченката, јачменот, ‘ржот. Исто така се одгледува и спанаќ и зеленчук под пластеник. Од сточарството најзастапено е краварството, а во помали размери и овчарството и козарството. Доста е развиено и лозарството на пространите лозја источно од селото, но и на ридовите западно од селото, заедно со овошните насади. Во минатото ова село сите селани работеле како сточари највеќе одгледувајќи овци и крупни говеда, а во многу голема мера се одгледувал и тутунот. За опаѓањето на сточарството придонело создавањето на земјоделскиот комбинат „Скопско Поле“ во шеесетите години на ХХ век, кој сите пасишта ги претворил во житни посеви. Во минатото селаните од Бучинци ги посетувале пазарите во Скопје и Куманово, а во Скопје најчесто оделе да продаваат стока, затоа што имало повисоки цени. Пред влезот на селото постои и фабрички производствен погон, а некои од жителите имаат и сопствени приватни претпријатија.

Со електрична енергија селото е снабдено во 1966г. ,а со градски превоз поврзано е во 1977г. и околу 2012г. поврзано е со водоснабдителниот систем ,како и останатите околни села.Во селото нема основно училиште ,децата учат во соседните Мршевци до 4-то одд. и во Миладиновци до 8-мо одд.

Население
Во 1900 г.-имало160 жители,во 1905 г.-имало 120 жители,во 1914 г. имало 123 жители,во 1921г.-имало180 жители,Во 1948 – 303 жители,во 1953-306 жители,во 1961г. -302 жители,во 1971 г.-288 жители,во 1981 г. -253 жители,во 2002 г.-226 жители и во 2021-235 жители.

Во периодот 1945-1955г., Бучинци било дел од тогашната Општина Бунарџик.
Од 1955г.до 1965 г. било во состав на општина Петровец.
Во периодот од 1965 до 1968 било во состав на општина Кале ,
Од 1968 до 1976 година било во состав на општина Гази Баба.
Од1996 година,  е во составот на општина Илинден.

 

Родови
Бучинци е едно од ретките села во Скопско кое во целост е населено само со староседелски родови и нема доселеници во него. Населението на селото се дели на 9 старински родови: Бакевци, Сељовци, Спасевци, Десковци, Антеви (сите слават Св. Никола), Трајковски, Ристевци, Ангелевци (сите слават Св. Архангел) и Трифуновци (слават Св. Атанасиј), сите овие родови се старинци и за нив се вели дека „од век се овде“.
Црква
 Црква „Св. Троица“ – Бучинци – средновековната црква од крајот на XVII век, изградена на темели на постара црква.
Иако селото Бучинци нема доселеници, сепак тоа дало многу иселеници во други места. Се смета дека околу 30 семејства се иселени во другите села на Скопската Котлина, од кои 16 во Скопје. Иселеници од Бучинци има во : Кисела Вода Усје, Бујковци , Студена Бара, Вак’в и Винце и други.

 

Претходниот артикал,Мршевци – Основни податоци
Следната статијаДељадровци – Основни податоци

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука