МИХАИЛ И МАРИЈА МЕЛНИКОВИ ПРВИ УЧИТЕЛИ НА МАЈЧИН ЈАЗИК ВО н.ИЛИНДЕН
14 септември 1945г. Во Населба Илинден(тогашно Белимбегово) за прв пат е отворено основно училиште на македонски јазик.Први учители биле брачниот пар Михаил и Марија Мелникови.Михаил е руски емигрант кој се доселил во Македонија ,а Марија е од Градот Велес.
Tие се првите учители кои покрај редовното изведување на наставата по македонски јазик организирале и спровеле многу аналфабетски курсеви за описменување на возрасното население.
Според нивните забелешки тие оделе од куќа во куќа да обезбедат ученици за редовно школување како и за доброволци возрасни за вонредно описменување .Наставата ја изведувале ми мизерни просторни услови и школски помагала.
Непосредно по ослободувањето 1945 година,Михаил и Марија дале голем придонес за подобрување на условите за школување на децата со нивно лично вклучување за собирање паричен надоместок од населението да се откупи приватна куќа, која потоа е пренаменета во училиште.
По изградбата на Задружниот Дом школото продолжува наставата да ја обавува во новиот дом ,а дотогашната училишна зграда пренаменета е во здраствена станица-амбуланта.
Во Илинден останале и по нивното пензионирање односно до крајот на својот живот,каде претходно си купиле плац и изградиле сопствен дом .Како многу правични луѓе, својот имот по нивната смрт го оставија на државата, со претходно оставен тестамент за тоа.






































