Обичаи поврзани со празникот Преподобен Симеон Столпник

0
510
Денеска е Преподобен Симеон Столпник-Црковна Нова Година.
1 септември по стар стил,а 14 септември по нов стил
Од верскиот празник Св.Симеон 14 септември ,започнувала припремата на земјата за наредната сеидба на земјоделските површини.Се сметало дека ако орањето заврши до „Крстовден “сеидбените работи ќе се обават во оптималниот рок за таа работа.
Од 27 септември „КРСТОВДЕН “ до 27 октомври „ПЕТКОВДЕН“, требало да се завршат сите сеидбени работи.

НАРОДНИ ВЕРУВАЊА

Сеидбените активности започнувало со  носењето на  семе во црквата да се „очати и благослови“, а потоа дома „очатеното“жито се мешало со другото жито подготвено за сеење. Исто така се верувало дека на овој ден не се давало заем и не се изнесувало ништо од дома за да не се разнесе ксметот, а ако некој барал нешто заем за да не се налути му се велело „семе изнесуваме“. Секогаш се засева на полна месечина и наутро кога сонцето оди нагоре.
Кога прв пат се оди засевање не чини некој со празен сад да го пресретне орачот. Може да им се случи несреќа на воловите, да му се скршат плугот или браната.  На заорување воловите се потураат со вода за да им биде лесно при орањето, како што е лесна водата или како што лесно оди водата. Кога ѕевгарот минува по патот сите што седат покрај патот стануваат и со тоа им прават чест на воловите, а се верува дека и земјата ќе им биде полесна кога ќе ораат. Очигледно во овие обичаи, верувања и магиски дејствија има многу елементи од имитативната, но и од преносната магија.
Сите црни предмети од куќата се криеле од пред очи (тава, грне и др.) за да нема гламна житото. Орачот на нива носел дисаѓи со жито, а во житото имало прстен (златен или сребрен), потоа китка босилек, китка од разни други цвеќиња, две гросчиња бело и црно грозје, неварено јајце, чешел за коноп и мало лепче (кравајче). Во семето се измешувале и зрна од „брадата“ од минатата година што дотогаш се чувала во амбарот. На воловите им врзувале бела крпа за да е бело житото. По пристигнувањето на нивата орачот најпрвин изорувал една бразда, потоа низ прстенот пропуштал еден грст семе и го фрлал во нивата.
Чешелот го ставал во нивата за да е густ бериќетот како чешелот, белото грозје го фрлал во нивата за е бело (чисто) житото, а црното го фрлал надвор од нивата за да нема кокал и гламна. Босилекот, китката со разни цвеќиња ги ставал во браздата како дар за нивата, а потоа со втората бразда сето тоа го покривал со земја. Откако ќе го насее пеаното семе орачот седнува да руча. На засевање за ручек задолжително се прави нешто сукано, за да се сучи касметот.И од припремената храна се давало по едно парче на сите деца кои во близина ги напасувала својот добиток.

 
САНДЕ ДОНЧЕВСКИ СО СВОЈОТ ЗЕВГАР ВО МЕСНОСТА„ ПОД АРАЧИНОВСКО-КУМСОЛ“ ПРЕД ЗАОРУВАЊЕ НА НИВАТА
ОРАЊЕ СО ЖЕЛЕЗЕН ПЛУГ И КОЊСКА ЗАПРЕГА
Претходниот артикал,МИХАИЛ И МАРИЈА МЕЛНИКОВИ ПРВИ УЧИТЕЛИ НА МАЈЧИН ЈАЗИК ВО н.ИЛИНДЕН.
Следната статијаGRAN PRI , ЗА ТАМАРА АНГЕЛОВСКА ,НА МЕЃУНАРОДНИОТ ФЕСТИВАЛ ВО СОФИЈА

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука