Јорданка Смилевска–Естраден Уметник,жител на Кадино –Илинден .

0
534
* Со песната се дружи повеќе децении ,а неа ја практикувала уште од најмалите нејзини години ,односно од училишните приредби во нејзиното основно образование .
Во репертоарот на Јорданка Смилевска воглавно преовладуваат изворните народни песни ,а во поново време може да се сретнат и новокомпонирани песни со кои претежно настапила на повеќе фестивали.
Како и многу други пејачки од тоа време ,и таа започнала да ги пее песните на „единствената“ и легендарната пејачка на убавата македонска песна Васка Илиева .
По мислење на многумина Јорданка со своите изведби најмногу се доближила до стилот и гласот до песните на Васка Илиева.
Јорданка досега има снимено повеќе од 100-тина народни песни , а за голем број од нив има и видео записи.
Нејзината песна се слуша секаде кај што има наши сограѓани и таа е чест гостин кај нашинците во дијаспората.
Покрај солистичко исполнување ,таа со успех има испеано и повеќе песни во дует со други пејачи.
Како и многу нејзини колешки ,така и таа, почнаа да пејат и пееја, во време кога се пееше со љубов,со мерак и пееја само тие што знаева да пејат .
Сепак, во денешно време, како и во други области така и во песната, пред се се гледа комерцијалниот аспект,запоставувајќи ги основните вредности за пеењето.
Населба Илинден на Јорданка и посакува понатамошен успех и добро здравје!

 

Претходниот артикал,Ѓоко Јовиќ @ „Енерџи Бенд“
Следната статијаТамара Ангеловска

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука