ГОЛЕМ УСПЕХ НА УЧЕНИЦИТЕ ОД ИЛИНДЕН

0
851

На ниво на Македонија се одржа државен натпревар по музика

Натпреварот го  организираше здружението на музичките педагози од Македонија.

На ова натпреварување учениците од нашата општина постигнаа одлични резултати и тоа:

-Средношколскиот бенд од средното училиште „Илинден“ја освоија првото место со 99 бода.

-Михаил Мирчевски ја освои првата награда како најдобар инструменталист со 100 бода.

-Матеј Тушевски ,ученик при ООУ „Браќа Моладиновци“-Миладиновци,во категоријата  најдобар глас  го освои првото место со 98 бода.

-Ирина Крстевска ,ученик при ООУ „Браќа Миладиновци“-Миладиновци во категоријата најдобар глас ја освои првата награда со освоени 97 бода.

На регионалните музички натпревари беа постигнати исто така одлични резултати и тоа:

-Оркестарот од ООУ„Браќа Миладиновци“-Миладиновци ја освои првата награда со 96 бода.

-Матеј Тушевски, ООУ„Браќа Миладиновци“-Миладиновци ја освои првата награда со 99 бода.

-Ирина Крстевска, ООУ„Браќа Миладиновци“-Миладиновци ја освои првата награда со 98 бода.

-Училишниот бенд од СОСУ „Илинден“ со 99 бода ја освои првата награда со 99 бода.

-Михаил Мирчевски , ја освои првата награда со 98 бода.

-Дуо гитара и глас Андреј Цаневски и Теодор Ристовски со 92 бода ја освоија првата награда.

За постигнатите награди  покрај квалитетот на учесниците,голем удел имаше улогата во нивната припрема  од Професорот Јовче Петковски.

Претходниот артикал,2-ро мајски излет на млади од Илинден
Следната статијаКОГА НАСТАНАЛ БУРЕКОТ

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука