Љупче Трајчев

0
199

Љупче Трајчев
Својата кариера како медиумско лице ја започнува во 1993 година во радио ВОКС со едночасовна контакно музичка емисија. Подоцна следува уште една контактна емисија, а во 1994 ја прави и третата емисија, официјална радио топ листа во соработка со Радио Експрес од Лос Анџелес, која станува официјална радио топ листа во Македонија, а Љ. Трајчев официјален ди џеј за Македонија претставен пред сите најпознати светски радио станици. На тој начин Македонија станува дел од креирањето на официјалната светска топ листа. Топ листата се емитува се до затварањето на радио ВОКС во 1996 година. Од 1997 година е косопственик на радио СКАЈ ФМ. Ова радио, се до 2001 година претставуваше единствено радио со 100% македонска музика, со многу промоции, хуманитарни концерти и сл. Од 2001 до 2002 година е уредник и водител на Музичко контактна емисија Скај топ 10 на Скај Нет телевизија, а од 2001 до денес е уредник и водител на Мак топ 7 листата на Спортското радио Канал 4, каде, воедно е и маркетинг директор на радиото. Досега има добиени повеќе награди од областа на новинарството.

Претходниот артикал,Славе Кочовски
Следната статијаВЕЛЕ САЗДОВСКИ – уметник

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука