
Нека Бог ги успокои немирите наши.
Нека го чува безгрижно секое свое чедо од ништо да не се плаши.
Нека Бог не упати кон правецот по кој треба да се водиме.
Нека ги благослови молитвите против сите зла што заедно ќе ги пребродиме.
Нека Бог не згрижи сите во својот мир и спокој.
Нека Бог ги чува и оние на другата страна од животот кои се во вечен покој.
Нека Бог ни даде здравје,сила и трпение.
Нека нè не воведува ниту во непосакан грев ниту во принудно искушение.
Нека бог ни дарува мир,прошка,среќа и слога и сите ние везден да го величиме и милуваме името на Бога.
Нека Бог влезе во секој топол дом и бериќет со себе нека носи,не можеме ниту да те видиме ниту да те чуеме а сите се покоруваме пред она кој си и што си.
Само ти Господе можеш да не заштитиш сите нас и најубав совет да ни дадеш без да ти чуеме ниту глас.
Најдобар пример да ни посочиш без да те видиме и секогаш благодарни и верни кон твојата семоќност да бидеме.
Бог нека не сплоти сите заедно како браќа и сестри неразделни,сложни
Нека е благословен овој свет ден и вечен нека е мирот божји.
ХРИСТОС СЕ РОДИ!