Тамара Ангеловска , дипломиран оперски пејач и актер, магистер по Актерско Мајсторство

0
365

Тамара Ангеловскa ,жител на Илинден, родена на 20.12.1998 година во Скопје.

Дел од многу театарски претстави, мјузикли и концерти од сферата на класичната музика.
Како најважни би ги споменале :

Во 2015г. Имаше успешни настапи нејзините и освои  ГРАН-ПРИ  во Анталија –Турција и првиот лауреат на фестивалот во Хаифа Изреал

На меѓународниот АРТ фестивал кој се одржа во МОСКВА од 09 до 14 февруари 2016г.
На тој фестивал, во огромна конкуренција Тамара го освои третото место во категоријата вокал.

На 15 и 16 септември 2018 година нашата сограѓанка ТАМАРА АНГЕЛОВСКА учествуваше на меѓународен фестивал во Софија и ја освои GRAN PRI наградата. Жирито беше составено од врвни џез музички педагози,со богата биографија кои студирале на најпрестижните светски универзитети. Сите тие едногласно на Тамара и ги дадоа највисоките 100 поени, за изведбата на Suus,Je t’aime i Ti ne dojde, од нашата Каролина Гочева.
Театар : Нора Хелмер (Куклен Дом – Х.Ибзен ) , Вили (Трампа наречена Желба-  Тенеси Вилијамс),
Втор поротник во “12 Гневни Луѓе” филмско дело адаптирано во театарска претстава наречена “12 Гневни Жени” ,
Берта во претставата “Проблем” по раскази на бугарскиот автор Чудомир.


Телевизиски серии :
Во улогата на полициска агентка, Цеци –  Бугарска Тв серија “Браќа”
Улогата на бремената Тања, во бугарската серија “Украден живот”
Мјузикли :
Марија ( West Side Story)
Мејбл (Pirates of Penzance)
Џанет ( Horror Rocky Picture Show)
Мајката коза ( Волкот и 7-те јариња – детски мјузикл )

Концерти:
Дел од концертот во Српскиот Народен Театар (со оркестарот на СНП ) – под диригентската палка на младиот француски диригент Жоаким Кофинер Бари.
– Концерт ” Сцена на вековите” , (Средба на поколенија ) – Велико Трново , Бугарија
– Дел од концертот “Хајлајт на Верди” – Српски Народен Театар
Концерт со композиции на Моцарт – Српски Народен Театар под диригентската палка на Маестро Герасим Воронков.
Концерт во театарот “Тости” – Ортона , Италија
и стипендијант на Институтот Паоло Тости.
Дел од концерти во Р.Бугарија во музејот на познатиот бас Борис Христов.
Дел од концерти во Скопје во Музејот на ВМРО.

  • 2023 година- Концерт во Рим, Соренто, Скопје (Даут Пашин амам , во домот на Култура во Тетово во организација на Италијанска амбасада во Скопје по повод 30 години пријателски односи меѓу двете држави во придружба на италијанскиот маестро Паоло Шибилија.
  • Концерт под наслов: Холивуд во Србија , филмска музика под диригентска палка на американската диригентка Џејн Браун и многу други.

  • Награди :

2016-2023 година-

Најзначајни:

 Лауреат на фестивали во Владимир- Русија , Хаифа –  Израел , Софија – Бугарија, Минск – Белорусија, Струга, Скопје
Гран при добитник на фестивали во Анталија – Турција , Софија -Бугарија.
Награда за “најсветол” глас на Фестивалот Руска Романсијада,
Лауреат на фестивали во Белград – Србија, Сремска Митровица- Србија, Специјална награда за комплетен уметник од Институтот Талија (Белград, Србија) и други награди во областа на музиката од национален и меѓународен карактер.

Претходниот артикал,МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ ВИСОКО НА ЈАРБОЛОТ ВО ГЕРМАНИЈА
Следната статијаИзложба на Уметникот Новица Трајковски

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука