Новиот автопат Миладиновци – Штип, прв во источниот дел на државата, конечно денеска е пуштен во употреба.
Со новата автопатската делница Миладиновци –Штип и вкрстувањето на меѓународниот автопат Е-65(коридор 8) и меѓународниот автопат Е-75(коридор 10),Миладиновци станува централна балканска расрсница,затоашто овие два коридори се „сечат“во Миладиновци..
Покрај тоа низ Миладиновци поминува железничката линија Скопје- Куманово,само на неколку километри од Миладиновци е меѓународниот аеродром –Скопје.
Инаку со проектна документација за автопатот Миладиновци-Штип започна уште во 2010 година,а почетокот на реализацијата на проектот во мај 2014 година.
Најголем дел од градежните работи на трасата во должина од 47 километри беа реализирани во 2016 година.
Во 2017 година беа привремено стопирани завршните работи за целосно финиширање на проектот, за конечно истиот да биде пуштен во пробна употреба со почетокот на овој месец.
Клучката Миладиновци, после која почнува автопатот, е најголемата клучка во Македонија. Има 9 нови крака и должина повеќе од 1,5 километар. Спојува четири автопатски правци – кон Скопје, Куманово, Велес и кон Свети Николе, преку неа се сечат коридорите 8 и 10, велат од компанијата за надзор „Геинг“.
Автопатот има два коловоза со по три сообраќајни ленти, со вкупна ширина од 10,8 метри – за возење, претекнување и застанување. Меѓу двата пата има зелен појас од 4 метри, кој не е предвидено да се пошуми.
По автопатот ќе се вози со максимални 130 километри на час.
Оваа автопатска делница е дел од Автопатот А2 на релација Миладиновци-локалитет Црна Скала кај Делчево кој во перспектива ќе обезбеди висококвалитетно поврзување на Република Македонија со Република Бугарија.
Со изградбата на автопат А2, делница Миладиновци – Свети Николе – Штип исто така во голема мера се подобруваат условите за сообраќајна комуникација за голем дел на населението од Источна Македонија со главниот град како и со остатокот од државата.













































