Денес во кратки црти ќе се обидеме да ви ги презентираме едни од најтешките и најзначајните активности во земјоделието , а тоа се жетвата и вршидбата низ времето
Првите вршачки машини на парен погон во Илинден биле донесени во доцните педесетти години од минатиот век. Тие, за тоа време, биле модерни машини кои макотрпната и повеќедневна вршидба со коњи и волови ја скратило на минимум. Но поради нивна гломазност и проблем за пренос од место до несто и затоа што сламата била користена за погонскон гориво истите биле напуштени.

. Подоцна, во 1957 година, во Илинден биле донесени и вршачки погонувани од трактор преку долга каишница. За разлика од претходниот тип, овие биле многу попрактична, затоа што тракторот како подвижен, за разлика од статичниот строј на парната машина, бил ревулуционерно откритие за тоа време. Но, и овој начин на вршидба не се задржал долго време.

–комбајни
Со појавата на комбајните, кои истовремено жнееле и вршеле, сите овие вршалки заминале во историјата. Во почетокот, кога започнала употребата на комбајните, имало семејства во Илинден кои и овој иновативен начин на вршидба не сакале да го прифатат.

Преед да дојдат комбајните жетвените работи се извееувале рачно со срп,честа била глетката млади мајки на жетва да одат со колепка на главата и дете во неа, или, пак, како го дои детето под импровизирана сенка од снопови жито. Домаќинот на куќата бил предводник на жетвата и на постата (простор опфатен со почетокот на жетвата), а по него, според возраста, се ределе и останатите жетвари.

По донесување на снопјето жито на претходно подготвеното гумно, започнувало вршењето на житото со коњи или друг добиток. Притоа, добитокот, со трчање во круг, ја газел и ситнел сламата и го издвојувал зрното од сламата.

Првата половина од месец Август е време кога во минатото завршувала вршидбата на лебното жито.
Таа макотрпна работа траела 10-на дена во звисност кој со што можел да го оврши житото,некој тоа го правеле со коњи,некои со друг вид крупен добиток итн.
По завршување на работата се „КИТЕЛ СТОЖЕРОТ“,што значело дека домаќинството завршило со вршидбата,по што следувало собир на членовите од семејството и богат ручек за една успешно завршена работа.
