23 октомври 1912 година, започнала Кумановската Битка, во која учествувале и 2000 македонски доброволци, собрани од месното население, од утринските до попладневните часови сами се бореле против турската војска на фронтот кај местото Стревице близу Младо Нагоричане. Така, го спречиле опколувањето на српската војска на која потоа и пристигнало засилување. Во таа борба меѓу Македонците загинале или биле ранети шест војводи и 200 доброволци, но позициите не ги напуштале. Во оваа битка на српската страна имало 723 загинати, 3.441 ранет и 603 исчезнати. Биле заробени 2.000 турски војници и запленети 61 топ, 6 митралези и големо количество муниција и друг воен материјал.