Иванден

0
719

7. Јули Денеска е Иванден, празник посветен на
† Раѓање на Св. Јован Крстител – За Многу Години!
На овој ден се верува дека цвеќето има магична моќ
Се празнува свети Јован – летен, повеќе познат како Иванден, денот на раѓањето на Свети Јован Крстител.

Народни обичаи и верувања
Со Иванден се поврзани многу обичаи и верувања но најповеќе се однесуваат на билките и верувањето во нивната магиска моќ. Верувањето пак дека тој ден играло Сонцето или дека се превртувало три пати е поврзано со тоа што Иванден се паѓа во најтоплиот период од годината.
Од обичаите што се изведуваат на овој ден повпечатливи се оние поврзани со растението папрат. Имено вечерта спроти празникот се бери папрат, а тоа пак е поврзано со верувањето во неговата магијска  моќ. Папратот се става на постелата и на него се спие за здравје, а рано наутро на самиот ден Иванден се плетат венци што се ставаат во бавчите за да ги чуваат од разни болести, временски непогоди како и други несреќи.
Набраното цвеќе  спроти празникот  се вика Иваново цвеќе, коешто го ставаат во ковчезите со алиштата за да ги чува од молци.
На овој ден жените берат цвеќиња и плетат венци и ги закачуваат на вратата , според народното верување ова би требало да ги штити од несреќа.
На свети Јован Крстител црквата му посвети неколку празници, и тоа не случајно. Овој светител беше наречен најголем меѓу родените од жена, со што е потврдено неговото посебно место во човечката историја.

Честито именден на Иван,Ивана,Ива,Ивона,Ванчо,Иванчо,Јане,Јана,Јанко..

Претходниот артикал,Никола Трајковски (музичар- хорнист) 
Следната статија– Игра: Народна топка

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука