НА ДЕНЕШЕН ДЕН -30 Октомври

0
217

*30 Октомври 1988 Почина Кочо Петровски, Се смета за еден од најдобрите хармоникаши од Македонија, бил македонски музичар, водач на оркестар, композитор, аранжер и продуцент на македонски народни и новосоздадени фолклорни песни.

* 30 октомври1890.- Охридското граѓанство испрати молба до Високата порта во Цариград, во која молеше да се дозволи основање на македонски училишта во градот и околината и да се дозволи наставата во училиштата да се изведува на македонски јазик

* 30 октомври1910.- Умре швајцарскиот филантроп Жан Андри Динан, творец на идејата за Црвениот крст, еден од основачите на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во 1863 година. Добитник е на Нобелобата награда за мир во 1901 година. Искуството од битките кај Солферино во 1859 година кога организираше помош за ранетите, го наведе во 1864 година да предложи конвенција според која во војна мора да се поштедуваат болните и ранетите, како и санитарните работници. Бидејќи падна во заборав и во беда дури во длабоката старост доживеа признание за огромната филантропска работа. Како признание за исклучителниот придонес во работата на Црвениот крст, во 1965 година е востановена „Медала Андри Динан“, највисоко одликување на Меѓународниот комитет на Црвениот крст. Дела: „Сеќавање на Солферино“, „Меѓународно братство и милосрдие за време на војна.

* 30 октомври 1967.- За првпат во историјата на космонаутиката е извршено спојување и раздвојување на вештачки земјини сателити. Ова го изведоа советските научници со леталата “Космос – 186” и “Космос – 188”.

* 30 октомври1973.- Пуштен е во сообраќај мостот на Босфор, во Турција, еден од двата моста кој ги поврзува Европа и Азија. Мостот е долг 1.56км,широк 33.4м.,со распон 1.074км.,висина на мостот е 165м.,а над водата висината е 69 м. Дневниот промет на возила е 180-200.000 возила ,а во 1997г.евидентирано е милјардито возило кое поминало преку мостот.

* 30 октомври1994.- Граѓаните на Република Македонија по вторпат излегоа на гласање во рамките на вторите повеќепартиски избори

* 30 октомври1995.- Во Луксембург, Советот на европските министри ја даде својата согласност за вклучување на Македонија во структурата на програмата ФАРЕ, наменета за земјите од Централна и од Источна Европа.

* 30 октомври1998.- Во пожарот во македонскиот клуб, изнајмен за пригода на курдската младина во шведскиот град Гетеборг загинаа 63 лица.

* 30 октомври2014.- Почина академик Благој Попов, член на МАНУ од нејзиното формирање во 1967 година. Од 1948 година е асистент на Филозофскиот факултет во Скопје. Во 1949 година е избран за предавач, во 1953 година за доцент по предметот математичка анализа, а во 1963 година за редовен професор. Од 1950 година е шеф на Математичкиот институт, односно на Катедрата по математика на истиот Факултет. Бил декан на Природно-математичкиот факултет во Скопје од 1958 до 1963 и од 1985 до 1987 година и декан на Математичкиот факултет од 1976 до 1978 година. Од 1967 до 1969 година е ректор на Универзитетот во Скопје. Во МАНУ извршувал високи функции, од 1976 до 1979 година бил секретар, од 1980 до 1983 година бил потпретседател, а од 1985 до 1991 година секретар на Одделението за природно-математички и технички науки. Академик Благој Попов бил член на Меѓународната астрономска академија во Париз и член на Њујоршката академија. Научната активност му е во областа на диференцијалните равенки и специјалните функции, а неговите научни трудови се публикувани во домашни и реномирани странски списанија, а учесник е и на бројни меѓународни конгреси на математичарите. Тој има големи заслуги за формирањето на математичкиот кадар и за развојот на математичките науки во Република Македонија и е носител и на републичката награда „11 Октомври“. Академик Благој Попов е роден во Кочани на 17 јануари 1923 година.

*30 октомври 2018 Во Истанбул е пуштен во употреба најголемиот аеродром во светот, кој се протега на 76 квадратни километри.Аеродромот почна да се гради во 2014 години, на него работеа 10.000 работници. Во првата фаза ќе опслужува 90 милиони патници годишно, а до крајот на 2023 година , кога се планира целосно да биде завршен, дури 200 милиони патници годишно.На аеродромот ќе има 70.000 паркинг места, а се очекува на Турција да донесе за 25 години преносно концесионерство  приход од 26 милијарди евра. Аеродромот е отворен на Денот на турската република, а на свеченоста присуствиваа повеќе од 50 државници, меѓу кои и македонскиот претседател, Ѓорге Иванов.

Претходниот артикал,Црква,Св. Кузман и Дамјан
Следната статија–„КРСТЕВСКИ“,БУЈКОВЦИ

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука