*10 септември 2000.- Во Република Македонија се одржаа вторите локални избори (по осамостојувањето) за градоначалник и за членови на општинските совети на 123 општини, односно 124 со градоначалникот и Советот на град Скопје.На фотографијата избраните членови на Советот на општина Илинден .
За Градоначалник по втор пат беше избран Чедомир Ристовски од Илинден.
За членови на Советот беа избрани: (Велинов Васил),Драги Ангеловски,Васил Апостоловски,(Тоде Нацевски),Николче Павловски,Љубе Бојковски, Стево Андровиќ, Драганча Стаменковски,Стојадин Ѓорѓиевски,Јовче Ангеловски,Боге Јанески,Предраг Бојковски,Ванчо Костовски,Филип Јовчевски,Љубинка Ваневска,(Ванко Спасовски) и (Власто Ѓорѓиевски).
За Секретар на Советот беше именувана Гордана Стојкоска.
За Директор на ЈКП Илинден ,Жика Стојановски.
* 10 септември 1905.- Во Велес е роден Алексо Демниевски – Бауман, македонски борец во Шпанската граѓанска војна (1936-1939) и во НОВ на Македонија од крајот на 1944 година. Во Шпанската граѓанска војна беше командант на баталјонот “Ѓуро Ѓаковиќ”, а потоа откако беше унапреден во чин мајор стана командант на интернационалната бригада “Георги Димитров”. Во НОВ на Македонија беше командант на Петнаесеттиот македонски ударен корпус. Умрел во Белград, на 5 септември 1961 година.
* 10 септември 1910.- Во Прилеп е роден Мирче Стојанов (Димче Мире), учесник во националноослободителното движење, член на Президиумот на АСНОМ, претседател на Народното собрание на НР Македонија, еден од основачите на архивистичката служба во Македонија. Умрел во Скопје, на 4 септември 1991 година
* 10 септември 1917.- Во Скопје е роден Драган Ташковски, истакнат македонски историчар, публицист и општествено-политички работник. Умрел на Хвар, на 16 септември 1980 година.
* 10 септември 1925.- Во Париз излезе првиот број на весникот „Македонско дело“, орган на ВМРО (Обединета). Излегуваше и во Берлин и во Виена. Главен уредник беше Владимир Поп Томов, а во редакцијата беа Димитар Влахов, Јордан Атанасов, Дино Косев, Т. Рилски и други. Ги спроведуваше идеите што беа во основата на Мајскиот манифест – борба против режимите на Бугарија, Југославија и Грција, а за независна Македонија во федерација на слободните балкански народи
* 10 СЕПТЕМВРИ 1943 година, во селото Љубојно, Преспанско е убиен Крстин ЧУЛАКОВСКИ-Кичо, припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија. Роден бил во селото Бистрица, Битолско, во 1920 година. Од почетокот на окупацијата во април 1941 бил меѓу најактивните членови на антиокупаторското движење. Бил во Партизанскиот одред „Гоце Делчев“ од неговото формирање на 20 мај 1943 г., и тука заедно со Фана Кочовска, бил одговорен за санитетскиот оддел на првата чета. Во август 1943 г. станал член на Околискиот комитет на КПМ во Битола. Загинал во судир на Партизанскиот одред „Гоце Делчев“ со германската војска во времето на разоружување на италијанскиот граничен гарнизон.
* 10 септември 1944.- Во Софија, на заседанието на Организациониот комитет на Светскиот рударски конгрес, Националниот организационен комитет на Република Македонија ,е примен за полноправен член.
* 10 септември 1953г.почина Антон Лазов Јанев е македонски револуционер, деец на ТМОРО/ВМОРО. Познат како Андон Ќосето или Андон Велешанецот, од 1896 година бил борец во четите на Михаил А. Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев и други, а потоа формирал своја чета.
* 10 септември 1976.- Во судирот на патничките авиони “Трајдент” на британската компанија “Бритиш ервејз” и “ДЦ-9” на југословенската компанија ЈАТ, северно од Загреб, загинаа сите 176 лица во двата авиони
* 10 септември 1994.- Во селото Арачиново, Скопско, е поставен и осветен камен-темелникот на новата црква “Св. Маченик Талалеј”.
*
* 10 септември 2011.- Почина познатиот македонски писател Бранко Пендовски. Драмскиот писател Бранко Пендовски како раскажувач и романсиер зад себе остави опус кој има свое место во развојните процеси на современата македонска литература. Долги години беше главен уредник и директор на издавачката куќа “Култура”, а извесен период и уредник на книгоиздателството “Кочо Рацин”. Учествувал и во уредувањето на литературното списание “Разгледи”. Еден мандат беше претседател на Друштвото на писателите на Македонија.Автор е на повеќе збиркиски разкази,романи драми и др.
* 10 септември 2013.- На 93-годишна возраст во Охрид почина Вангел Деребан, еден од најпознатите македонски кујунџии. Деребан е роден во 1920 година во Струга од каде ја продолжува неколкувековната семејна кујунџиска традиција и го развива охридското филигранство. За Вангел Деребан се презентирани информации и репортажи од многу домашни и странски новинари и публицисти. Тој е многу често застапуван во проспектите и други публикации за промоција на Охрид и Македонија. Добитник е и на престижната Св. Климентова награда во Охрид.