-12 февруаери 1870 роден е Веле Марков, македонски револуционер, социјалист, крушевски војвода на Македонската револуционерна отганизација, познат под псевдонимот Милтон. Во 1892 година заминал на печалба во Софија, Бугарија, каде се зближил со Васил Главинов и во 1895 година ја основале Македонската социјалистичка група. Во 1899 година, по враќањето во Македонија бил еден од основачите на социјалистички кружок во Крушево и со другите социјалисти стапиле во ТМОРО. Во 1900 година. во Битола основал социјалистички кружок, а во почетокот на 1901 година влегува во четата на војводата Никола Русински. Станал крушевски војвода и загинал во борба со османлиските војници во с. Ракитница.

–12 февруари 1944.- Во местото Барбарас, кај Македонски Брод, бугарскиот окупатор стрела осум борци – учесници во Богомилскиот поход.

–12 февруари 1914.- Во Скадар, Република Албанија, е роден Василие Поповиќ – Цицо, македонски сликар, карикатурист и сценограф, еден од основоположниците на карикатурата, на сценографијата и на Друштвото на ликовните уметници на Македонија. Умре во Скопје, на 10 декември 1962 година.
–12 февруари 1946.- Весникот „Лаки фони“, орган на Бирото на КПГ за Македонија, објави дека од 12 февруари 1945 година до 12 февруари 1946 година од грчките власти и терористичките банди беа убиени 1.300, затворени 20.000 и прогонувани 200.000 луѓе. Од убиените 200 беа од Македонија, а од убиените од Леринско, во Костурско и во Соровичко – 98 отсто беа Македонци

-12 февруари 1964 отворено е првото училиште по земјотресот во Скопје,во Лимени Хангери -Бараки.
–12 февруари 1992.- Република Словенија и Република Хрватска ја признаа независноста на Република Македонија. И Република Македонија ја призна независноста на Република Словенија и на Република Хрватска.
–12 февруари 1996.- Република Мекедонија и Република Гана воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво.
–12 февруари 1996.- Во Атина официјално започна со работа Канцеларијата за врски на Република Македонија.