Денес електричните тротинети стануваат се повеќе популарни во светот. Нивната предност е малата тежина. Тежат од 10 до 15 килограми, а имаат релативно високата моќност и носивост. Некои модели развиваат брзина и до 30 километри на час. Развојот на технологијата овозможи овие алтернативни превозни средства да можат да поминат и до 30 километри со само едно батериско полнење.

Во овој период особено во Скопје тротинетите ,покрај малку помодарство ,станаа и добро ефикасно индивидуално превозно средство ,особено во гужвите во „шпиц“врмето за одење или доаѓање од работа.
Инаку, електромобилноста (тротинетите) истите се стар изум, повеќе од 100 години.