На денешен ден -11 април

0
130

-11 април 1943.- Загина Лазо Трповски На пат за Солун, надвор од селото Имера, Кожанско, Егејска Македонија, паѓајќи во заседа на националисти од колаборационистичката организација ЕКА (национална и социјална преродба). Лазо е еден  еден од најистакнатите револуционери и организатори на борбата на македонскиот народ за национална слобода и социјална правда меѓу двете светски војни и за времето на фашистичката окупација. Роден е во селото Д’мбени, Костурско, Егејска Македонија во 1901 година.

-11 април 1889 г. родена е Благуња од Пожаране –Тетово  во семејството Ѓолови, како ќерка на Никола. Подоцна од непознати причини, како што впрочем направиле и повеќе пожарански фамилии и семејства, заминува во Тетово кај свои роднини каде ќе остане се до крајот на својот живот. За време на нејзиниот престој и живеење во Тетово, во неја страсно ќе се влуби тетовчанецот Аце Абаџијата, но судбината така ќе се поигра со нив што убавата Благуња наместо за него, на 18 годишна возраст ќе биде омажена за 9 години постариот од неа Диме Бошњак –исто така тетовчанец.. Тогаш , во времето на припремите за нејзината мажачка, некаде далечната 1907 година, ќе биде создадена и за прв пат од тетовци опена старогардска народна песна „Бгагуњо дејче мори Пожаранче“ која исцело ќе биде посветена на убавата мома Благуња и неостварената љубовна желаба кон неа на тетовчанецот Ацо Абаџијата. Смртта ќе ја затече на ден 26. март 1956 година во Тетово, кога и ќе биде погребана на градски гробишта, каде што до ден денес постои надгробна плоча како нем сведок за нејзиното постоење, лик и дело.

-11 април 1941. – Германските трупи ги зазедоа Дебар, Охрид и Струга и се споија со италијанските единици.

 -12 април 1962 година се случи несекојдневна несреќа кај село Костурино-Струмица , на којшто постарите месни жители се’ уште се сеќаваат и ја прераскажуваат.

-11 април 1992.- Во Министерстото за внатрешни работи на Република Македонија е регистриран Македонскиот олимписки комитет (МОК).На чело на  комитетот е Васил Тупурковски.

11 април 1994.- Во Скопје е промовирана првата еколошка публикација од популарен вид во Македонија, “Екологија”. Главен уредник беше Свето Стефановски.

11 април 1995.- Во Скопје е формирано Здружението за примена на македонскиот литературен јазик во службената и јавната комуникација.

Претходниот артикал,Денеска е Лазарова сабота -Лазарицa
Следната статијаМлади од Мршевци-1976

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука