НА ДЕНЕШЕН ДЕН 11 ДЕКЕМВРИ

0
131

-11-ти Декември – Меѓународен ден на планините

*11 Декември 2016 почина Есма Реџерова

-11 декември е Ден на светите Петнаесет тивериополски маченици, заштитници на Струмица. – Патронен празник на Струмица.

11 декември 1910.- Во Солун е роден Димо Тодоровски, академик, познат македонски вајар од првата генерација вајари кои ја втемелија оваа ликовна уметност кај нас. Тој беше единствениот склуптор што се појави меѓу двете светски војни во Македонија. Умре во Скопје, на 27 април 1983 година.

11 декември 1951.– Во Велес е родена академик Катица Ќулавкова – поетеса, книжевен научник, критичар и антологичар. Дипломирала на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на истиот магистрирала, а докторирала на Филозофскиот факултет во Загреб. Работела како универзитетски професор, била претседател на Македонскиот ПЕН центар, член е на Друштвото на писатели на Македонија. Во 2003 година е избрана за член на Македонската академија на науки и уметности.

11 декември 1972.- Американските астронаути и членови на екипажот на вселенскиот брод “Аполо 17” стапнаа на Месечината. Тоа беше последната мисија во рамките на американската програма “Аполо”.

11 декември 1992.- Советот за безбедност на Обединетите нации одлучи да испрати 800 „сини шлемови“ во Република Македонија.

11 декември 1996.- Во Битола е одржано Основачкото собрание на Националниот сојуз на студентите на Македонија.

11 декември 2004.- Во Скопје умре Јадранка Владова, македонски разкажувач, литературен теоретичар, есеист и преведувач. Меѓу десетиците дела спаѓаат „Измислување на светот“, „Девојчето со две имиња“ (романи за деца), „Волшебноста на зборот“ (есеи и критики) и други дела. Родена е во Скопје, на 20 април 1956 година.

-11 декември 2016г се одржаа деветите парламентарни избори во Македонија .

Претходниот артикал,Млади од Илинден -1967
Следната статијаПРОИЗВОДСТВО НА СВИЛА

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука