-13 април, 1992 година, во касарната во Охрид, се појави приот регрут-војник ,тогаш 21-годишниот Панче Јамандиев. Тоа беше историски чин. Со неговото зачекорување во охридската касарна почна новата историја на Македонија. Почна да се создава новата генерација македонски регрути во Армијата на независна и суверена Македонија.

13 април 1906.- Во Стар Дојран е роден Антон Панов, македонски драмски писател. Неговата литературна дејност е од извонредно значење за македонската литература. Инспириран од тешкиот живот на македонските печалбари, Панов на македонски јазик ја напиша драмата “Печалбари”, која првпат е изведена во Скопје на 3 март 1936 година. Тој напиша повеќе прозни и сценски текстови.Умре во Скопје, на 28 август 1968 година. 1913.- Во Општинскиот театар во Битола е одржана првата кинопретстава. Прикажана е премиерата на филмот “Градинарот Лаврициус”

-13 април 1902 година во село Ресава е роден народниот херој Блажо Тодоровски –Чичето. Потекнува од сиромашно земјоделско семејство и уште многу млад се оженил и основал свое семејство. Политичката активност ја започнал во 1938 година кога за време на Парламентарните избори ја подржал кампањата на Здружената опозиција и нивниот претставник д-р Илија Чулев. На 14 мај 1943 г. Чичето е еден од првите борци на одредот “Добри Даскалов“ и е особено горд што ја предводи десетината која учествува во првата борбена акција на одредот во неговото село Ресава. Во одредот ја врши функцијата командир на првата чета на одредот. Во рамките на Јунската непријателска офанзива одредот “Добри Даскалов“ на 7 јуни 1943 г. се судира со бугарската војска во селото Никодин. Во жестоката борба која траела неколку часа, тој бил тешко повреден и за не им падне жив во рацете на окупаторите се самоубива. За народен херој е прогласен на 11 октомври 1953 година.

–13 април 2012.- Во Скопје, во 77. година од животот умре истакнатиот македонски писател и академик Ташко Георгиевски. Тој долги години работеше како уредник во Македонската телевизија, и како уредник во издавачките куќи „Мисла“ и „Македонска книга“. Член на ДПМ беше од 1957 година. Беше член на Македонскиот ПЕН центар и член на Македонската академија на науките и уметностите. Ташко Георгиевски зад себе остави богат и значаен прозен опус. Автор е на многу романи и други дела.Неговите дела се преведени на повеќе јазици во светот. Добитник е на наградите: „Кочо Рацин“, „11 Октомври“, „13 Ноември“, „Стале Попов“, „Рациново признание“, „Дијалог“ и други. Ташко Георгиевски е роден 1935 година во село Кронцелево, Воденско, Егејска Македонија.
-13 aприл 1913.- Во Општинскиот театар во Битола била одржана првата кинопретстава. Прикажана била премиерата на филмот „Градинарот Лаврициус“.

–13 април 1967.- Во Скопје е родена Валентина Божиновска, македонска актерка и политичарка. Доктор по филолошки науки. Директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи. Од 1998 до 2002 година била пратеник во Собранието на Македонија, од 2005 до 2006 советник во град Скопје, од 2006 до 2008 пратеник во Собранието на Република Македонија. Била претседател на Пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Царството Јапонија, член на Националниот совет за евроинтеграции, на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на Комисијата за европски прашања, на Делегацијата на Собранието на РМ во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација како и на други значајни парламентарни тела и комисии
–13 април 1987.- Во Крушево умре д-р Стерјо Боздов, член на АСНОМ, прв декан на Медицинскиот факултет во Скопје. Роден е во Крушево, на 7 јануари 1902 година.