17 септември 1901г. Загинал. Мирче Ацев – Оровчанецот бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација. Народниот херој од НОВ Мирче Ацев бил внук на војводата Мирче Ацев, чие име и го носел.
По завршувањето на основното училиште работел како овчар, полјоделец и кираџија. Кога Турците го убиле татко му, решил да им се одмазди и затоа се приклучил во четата на Коне Павлев Меѓутоа, турската власт успеала да го фати и го испратила во Солунскиот затвор, каде одлежал повеќе години. Успеал да избега од затворот и се префрлил во Софија. Таму бил обвинет за учество во убиството на Стефан Стамболов (претседател на бугарската влада) и бил осуден на три години затвор.
Во 1899 година со своја чета заминал за Неврокопско, каде неколку пати имал успешни судири со турската власт. Во 1901 година на пат за Прилепско, кај селото Уланци (Тиквешко) Турците ја откриле неговата чета, ја опколиле и по тешка борба ја разбиле, при што загинал и самиот војвода. Мирче Ацев роден во 1859г. во с .Ореовец –Прилепско.

*17 септември1918.-Пробиен Македонскиот , односно Солунскиот фронт, период кога на тлото на Македонија се води еден од најголемите фронтови во првата светска војна, фронт кој учествувале повеќе стотици илјади војници од сите Балкански и повеќе европски земји.Македонскиот или попознат уште како Солунскиот фронт по тридневна офанзива, Првата и Втората српска армија го пробија фронтот со што беа скршени централните сили во Првата светска војна. Четириесет дена по офанзивата капитулира Австро-Унгарија, а набрзо и Германија.

17 септември1943.- Во селото Подвис, Кичевско, почна да работи првото училиште на македонски јазик.

17 септември1944.- Во селото Митрашинци, Беровско, се формирани Тринаесеттата и Четиринаесеттата македонска бигада и Педесеттата дивизија на НОВ и ПОЈ.
17 септември 1987.- Во Скопје е формирано Здружение на електроенергетичарите на СР Македонија.
17 септември1991.- Собранието на Република Македонија донесе Декларација во која се истакнува дека граѓаните на Република Македонија на 8 септември 1991 година плебисцитарно ја потврдија државноста и сувереноста на Република Македонија и ја изразија својата волја таа да биде конституирана како суверена и независна држава.
17 септември 1996.- Во Пекинг, на Конференцијата на Интерпарламентарната унија, Република Македонија е примена во Групацијата медитерански земји.
17 септември1998.- Во Скопје, во издание на НИК „Денес“, излезе првиот број на дневниот весник „Македонија денес“, весник на демократската јавност.
17 септември1998.- Во Скопје почна со работа телевизијата Канал 5.
17септември2001.- Собранието на Република Македонија донесе Декларација за осуда на терористичките напади во Њујорк и во Вашингтон, САД, на 11 септември 2001 година.










































