Спрема легендата пред многу векови се сретнале Вистината и Лагата.
Лагата и рекла на Вистината: „Колку е убав денешниов ден!“.
Вистината погледнала кон небото и воздивнувајќи и со олеснување заклучила дека денот е навистина многу убав.
И так двете поминале долг пат изминало многу време и стигнале до еден бунар.
Лагата и се обратила на Вистината: „Водата е навистина убава. Ајде да се искапиме заедно!“
Тогаш заедно ги соблекле сопствените рува и влегле да се капат.
Наеднаш, Лагата излегла од водата, се облекла во рувото на Вистината и побегнала.
Побеснетата Вистина истрачала од бунарот обидувајќи се да си го земе сопственото руво назад.
Но, попусто. Присутните, гледајќи ја голата Вистина ги вртеле своите погледи со осуда и бес.
Така Вистина се вратила во бунарот и засекогаш исчезнала.
Од тогаш, Лагата патува ширум светот облечена како Вистина, задоволувајќи ги потребите на општеството,а народот….