Старини во Бујковци

0
716

Бујковци,во ова село постојат повеќе стари локалитети како: „Викло“, „Селиште“,„Средорек“,Чурлин“„Карабаир“ и др.

Поголемиот дел од старински локалитети лежат источно од селото,покрај денес автопатот и пругата.

На локалитетот„Викало“има трагови од стари христијански гробишта.

На локалитетот „Средорек“биле пронаоѓани многу стари предмети и еден камен крст.

На локалитетот „Чурлин“се прикажува дека има остатоци од „римски“гробишта.

– Во Бујковци римскиот период се наоѓало и на археолошкиот локалитет „Карабаир“. Тоа била населба од римско време. Се наоѓала на просторот што го зафаќа денешата рафинерија, поточно на делот каде што се изградени цистерните. Тука биле откриени ѕидови градени од камен и варов малтер, фрагменти од керамички садови и градежен материјал. Со изградбата на Рафинеријата локалитетот е целосно уништен. Ова само покажува дека животот во денешното село Бујковци траел и се одвивал непрекинато во континуитет сите овие векови, од рим-ско време и понатаму.

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука