НА ДЕНЕШЕН ДЕН -9 Октомври

0
664

*9 октомври 1910 г.во Бучинци, една турска потера од град Куманово  дошла во селото,каде ги собрала сите селани и откако ги повикала поименично селаните: Денко Спасов, Орде Величков, Трајан Трипунов, Пано Трајков, Младен Стојанов, Трајко Петрунов, Мите Трајков и Милан Стојанов, им наредиле да предадат по една бомба. Откако селаните рекле дека кај себе немаат и не држат никакви бомби, првите пет души од погоре споменатите биле подложени на жестоки тепања и мачења.

* 9 октомври 1934г.во Марсеј-Франција  извршен е атентат врз југословенскиот Крал Александар Караѓорѓевиќ. Тој е еден од најдобро организираните атентати во 20 век., Извршител на атентатот бил Владо Черноземски..Тој, во текот на нападот, смртно го погодил кралот Александар Караѓорѓевиќ со четири куршуми, а со еден куршум го ранил францускиот министер за надворешни работи Луј Барту, кој починал од од здобиената повреда. Атентаторот Владо Черноземски ова  убиство го изврши    , за целиот свет да дознае дека Македонците (но и другите несрпски народи) во кралството Југославија се чувствуваат нерамноправни со Србите. Овој атентат  по многу нешта претставува настан што предизвика пресвртница во меѓународните односи и го означи почетокот на активностите што биле вовед во Втората светска војна

* 9 октомври1854.- Во селото Идвор, во Банат, е роден Михајло Пупин, научник од светски глас. Со своите пронајдоци во областа на електрониката, жичната и безжичната телеграфија, стана познат во целиот свет. Најголема слава и признание му донесоа “Пупиновите калеми” со кои се овозможува пренос на телефонските разговори на големи далечини. Умре во Њујорк, на 12 март 1935 година.

* 9 октомври1894.- Во Петроград е роден академикот проф. д-р Владимир Мошин, еден од најголемите проучувачи и познавачи на македонската средновековна уметност и култура. Покрај неговата дејност во Загреб и во Белград, беше раководител на историското одделение при Архивот на СР Мекедонија, професор на Филозофскиот факултет во Скопје и долгогодишен раководител на Катедрата за словенска култура при Институтот за проучување на словенската култура во Прилеп. Умре во Скопје, на 3 февруари 1987 година.а

* 9 октомври1967.- Убиен е аргентинскиот револуционер Ернесто „Че“ Гевара, симбол на револуцијата во Јужна Америка, но и ширум светот особено меѓу младите. Дипломирал медицина во Буенос Аирес во 1953 година. Во Мексико се запозна со Фидел Кастро. Беше министер за земјоделство, а Куба ја напушти во 1965 година. Во Боливија, сакајќи да го поведе народот во востание за ослободување на Јужна Америка од доминацијата на САД и домашната олигархија, беше убиен. Дела: „Спомени на кубанската револуција“, „Дневник од Боливија“.

НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 9 октомври 1967.-Kонституирано е МАНУ

 Во Собранието на СР Македонија, под претседателство на д-р Милан Бартош, е одржана седница на Матичната комисија за формирање на Македонската академија на науките и уметностите, на која е извршено конституирање на МАНУ. За претседател на МАНУ е избран Блаже Конески (до 1975), редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје, потпретседател д-р Харалампие Поленаковиќ, редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје, а за секретар Ѓорѓи Филиповски, редовен професор на Земјоделско-шумарскиот факултет во Скопје.

* 9 октомври 1974.- Во Скопје свечено е предадена во употреба новата зграда на Театарот на народностите.

* 9 октомври 1989.- Пуштена е во сообраќај делницата на автопатот Скопје – Петровец.

* 9 октомври1994.- Во селото Црник, Пехчевско, е осветена црквата „Света Петка“.

* 9 октомври1995.- Собранието на Република Македонија ја ратификува Привремената согласност меѓу Македонија и Грција.

* 9 октомви 1995.- Во Скопје умре Миодраг Друговац, македонски поет, есеист, критичар, книжевен историчар, аналитичар, антологичар, преведувач и новинар. Неговото книжевно дело е мошне обемно. Роден е во селото Друговац, кај Пожаревац, во Србија, на 12 октомври 1928 година.

* 9 октомври1999.- Во Охрид, митрополитот брегалнички г.г. Стефан (Стојан Велјановски) е избран за поглавар (петти по ред) на Македонската православна црква. Пред него поглавари на Македонската православна црква беа: г.г. Доситеј (Димитар Стојановски), г.г. Ангелариј (Цветко Крстевски), г.г. Гаврил (Ѓорѓи Милошев) и г.г. Михаил (Методи Гогов).

* 9 октомври2001.- Претседателот на Република Македонија Борис Трајковски потпиша изјава со која се потврдува намерата за амнестија на припадниците на таканаречена ОНА, кои доброволно го положија оружјето во рамките на мисијата на НАТО „Неопходна жетва“ заклучно со 26 септември 2001 година.

* 9 октомври 2013.- Почина Стеван Ацевски – Стевче, филмски работник. Ацевски студирал на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград во класата организација. Од 1965 година работел за продукцијата на „Вардар филм“, во 1980-тите за продукцијата на „Авала филм“ – Белград, како директор на филм во копродукциите со италијански и американски партнери. Соработувал и со играната (драмска) програма на ТВ Скопје. По осамостојувањето на Македонија, Ацевски повторно работел во „Вардар филм“, а во 1998/1999 бил и в.д. директор. . Потоа почнал со приватна продукција на филмови. Бил директор на филм на „Јад“ (1975), „Пресуда“ (1977), „Глава“ (1979), „Време, води“ (1980), „Јазол“ (1985), „Опасна баба“ (1985), „Хај фај“ (1987), „Викенд на мртовци“ (1988) и режисер на „Тумба Маџари“ (2001). Стеван Ацевски-Стевче е роден во 1943 година.

Претходниот артикал,Учителката Маре со своето одделение
Следната статијаЗанимлива приказна за РАБОТНИЧКИ ДОМ- СКОПЈЕ

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука