Занимлива приказна за РАБОТНИЧКИ ДОМ- СКОПЈЕ

0
227
Занимлива приказна за РАБОТНИЧКИ ДОМ во Скопје и главниот архитектот за оваа градба Инжињер ЈОВАН

До 1960 година во центарот на Скопје имаше неколку облакодери-солитери-кули од десет спрата.
Тогаш таа година почна да се гради и највисоката зграда во Ново маало во Скопје,позната меѓу народот како Работнички дом. ( Главен ) архитект на ова здание бил инж.Јован-дипломирал во Загреб на тамошниот градежен факултет. Пред да се заврши зградата значи некаде 1962 година тој е затворен во затвор во Идризово со обвинение дека недостасувал некој градежен материјал,односно дека повеќе е ставено од потребното или слично а се работело за железо.
Таму во затвор веројатно го дочекал и земјотресот во 1963 година. А пак за земјотресот таа зграда од 12 спрата останала сосем читава,се сеќавам дека само две мермерни плочки од најгоре беа паднати,односно обележана со три зелени линии.Долго време 10-20 години се познаваа-разликуваа тие две плочи на западната фасада најгоре.

Во 70-тите години почна да се прави зградата на ДОЗ.
Еден ден инж.Јован не повика и од таму од кај градилиштето не замоли да му качиме со братми неколку големи камења. Се чудевме што ќе му се. Зградата тогаш немаше парно.
И што ќе видиме. Камењата ги нареди под кревет а помеѓу нив стави некој голем грејач.
Зимно време така се затоплуваше,ќе ги загрее камењата а тие држат топлина цел ден и вечер.
Тие години често снемуваше струја имаше и рестрикција или него му ја често исклучуваа незнам. Но занам дека и кај нас често немавме струја. Повеќето станови во зградата немаа водомери туку плаќавме паушално вода према број на станари во станот или големината.
Еден ден еве што направи инж.Јован. Поточно тоа сам го направил јас само бев да видам.Никаде нема струја во комшии,негде по некоја свеќа а кај него дома свети сијалица.
Земал динамо од точак,ставил перки од некоја пумпа или калолифер на оној дел кај што тој допира на гумата на точакот.А пак тој дел го ставил-покрил во некоја пластична кутија.На таа кутија оставил отвор во кој влегува едно црево а другиот дел од цревото е во чешма.
Ја пушта водата од чешма,се врти динамото и свети сијалицата закачена на таванот поврзана со жици-кабли до динамото. ВОДА нека тече и онака се плаќа паушално.
Потоа беше ставил и поголемо динамо и поврзал неколку сијалици да светат.
Значи на човеков се уште го служи паметот и тоа добро.
Тогаш зошто е обвинет и затваран во затвор и НЕВИНО осуден.
Тој инж.Јован беше родум од источна Македонија,имаше една сестра,немаше потомство.
Делумно преземена приказна на Pale Janevska

Претходниот артикал,НА ДЕНЕШЕН ДЕН -9 Октомври
Следната статијаНа денешен ден -10 октомври

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука