НА ДЕНЕШЕН ДЕН 21 ФЕВРУАРИ

0
83

* Денеска е ден на мајчиниот јазик, ,,Милоста кон народниот јазик јет наш долг и наше право. Ние мораме да го сакаме нашиот јазик исто како што ја сакаме *Татковината”.

– Крсте Петков Мисирков

*21 февруари 2019 почина Исмаил Мачев е роден во Скопје на 3 јануари 1960 година. Тој во кариерата има постигнато бројни успеси, меѓу кои се двата сребрени медали на Медитеранските игри, во 1987 година во Сирија и 1991 година во Атина. Учествувал на ЛОИ 1988, како и на неколку Светски првенства. Во негова сопственост е и актуелниот рекорд на 400 метри, кој е сѐ уште недостижен за активните атлетичари – 45,83 секунди.

Мачев бил член на познатата „најбрза бела штафета“ 4×400 метри, заедно со Слободан Бранковиќ, Дејан Јовковиќ и Ненад Ѓуровиќ, која на Светското првенство во Токио во 1991 година го освоила четвртото место.

После натпреварувачката кариера Исмаил Мачев работел како тренер во Црвена Ѕвезда во Белград, каде бил премногу ценет и каде неколку пати добил награди за најдобар тренер во младински категории. 

* 21 февруари 1920г. воспоставен е редовен патнички и теретен сообраќај на  железничката линија Скопје-Солун.

* 21 февруари 1902.- Во Велес е роден Тодор Николовски, македонски драмски и филмски актер, режисер, еден од основачите на современото македонско актерство. Умре во Скопје, на 29 јануари 1999 година.

* 21февруари 1920г.во Скопје пристига нова група руски емигранти од 280 семејства.

* 21 февруари 1992 ,Склучен е договорот Глигоров-Аџиќ за повлекување на ЈНА од Македонија, кое заврши на 27 март истата година

* 21 февруари 1992.- Во Вадуз (Лихтенштајн), на Генералното собрание на Еуротел интернационал-хотелска агенција во која членуваат девет земји, Република Македонија била примена за десетта членка.

Претходниот артикал,„АЏАЛАРЦИ“-ИЛИНДЕН
Следната статијаЛегенда за изворот „Миочи“ во Kучково

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука