„НЕКРСТЕНИ “ ДЕНОВИ

0
395

ОД БОЖИК,христовото раѓање ,па се до  ДО БОГОЈАВЛЕНИЕ кога е крстен Исус Христос се „НЕКРСТЕНИ ДЕНОВИ“
Tогаш се верува по земјата шетаат духови, лоши сили и демони: караконџоли, тарамбаба, гревогазец, ѓаволица, чума и колера. Водата во овие некрстени денови е леунка, вели народот, крстот е врзан, немоќен, нема сила да ги протера духовите.
Во овие дванаесет некрстени денови луѓето се маскираат и ги изведуваат игрите под маски и тоа на Бадник и по него, пред Василица (Стара нова година), а и речиси сите останати денови до Водици. Игрите под маски најпознати како џамаларски, но и: бабари, василичари, мечкари, ајти, русалии… се изведуваат за да се избркаат лошите сили и демони. Луѓето веруваат дека со маските каде задолжително составни елементи се sвонците, клопотарците, стаповите, гајдите и тапаните што прават врева ќе ги исплашат демоните и тие ќе ја напуштат земјата.
Настанувањето на овие дванаесет дена се објаснува со разликата меѓу сончевата и месечевата година која изнесува точно дванаесет дена. Денови во кои завршува зимската краткодневица и се раѓа новото Сонце.
. Со раѓањето на новото Сонце лошите сили и демони си заминуваат од земјата во темнината.
Игрите под маски што се изведуваат во дванаесетте некрстени денови завршуваат на Водици 19 јануари, денот на Христовото крштевање. На овој ден во сите води ритуално се фрла крстот, што го означува крштевањето. Ослободениот крст има сила да ги гони лошите сили и демони да не доаѓаат на земјата, туку да си седат во нивното царство на темнината.
„.Во овој период Христос се уште не бил крстен ,а во време од стемнување до прво пеење на петлите никој не излегувал надвор ,но ако некој морал да излегува тој со себе носел некој остер предмет како нож , лук или крст.Во овие денови жените не работеле женски работи плетење,везење,предење ,ткаење или друго .Се верувало дека и децата родени во периодот на „некрстените денови“дека ќе бидат болесливи ,дека лесно ќе ги фаќаат уроци .Со цел да си ги намали маките нородот смислил како да се одбрани од неволјите во овие погани денови.а тоа били игрите што ги изведувале„ ЏАМАЛАРИТЕ “.

Претходниот артикал,„БОЖИК“-ДЕН НА ХРИСТОВОТО РАЃАЊЕ.
Следната статија Стара нова година- Василица и Обрезание на Исус Христос

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука