ДЕНЕШЕН ДЕН-26 ЈУЛИ

0
336

ДЕНЕШЕН ДЕН-26 ЈУЛИ

 *26 јули 1963г.  во 05:17 часот, Скопје било разурнато од земјотрес со 9 степени по Меркалиевата скала (MCS), односно магнитуда од 6,1 степени и длабочина од 5 до 7 км. Главниот потрес траел 20 секунди, а помали потреси имало до 5 часот и 43 минути. Скопскиот земјотрес се почувствувал на простор од околу 150.000 квадратни километри, најсилно низ долината на реката Вардар (5-6 степени), но и низ цела Македонија (4-5 степени), па и во соседните држави. Од потресот биле урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200.000 луѓе останале без покрив над глава. Под урнатините животот го загубиле 1070 негови граѓани, а биле повредени над 4000 граѓани. Штетата од земјотресот е проценета на 15% од БДП-то на цела Југославија за таа година или во денешна вредност помеѓу 3 и 5 милијарди долари, односно повеќе од целиот годишен буџет на Република Македонија.

*26 јули 1926.- Во Софија, умре Крсте Петков Мисирков, македонски национален деец филолог, лингвист, историчар, фолклорист, етнограф, публицист, политичар, дипломат, револуционер и борец за македонската национална афирмација. Се школуваше во соседните земји и во Русија. Тоа му овозможуваше да ги согледа стремежите на соседните земји кон Македонија и македонскиот народ, но и да ги согледа патиштата за национална слобода на македонскиот народ. Во 1903 година ја издаде книгата „За македонцките работи“, негово фундаментално дело, во кое се истакнува посебноста на македонскиот народ и на македонскиот јазик. Роден е во Постол, Ениџе-Вардарско, Егејска Македонија, на 18 ноември 1874 година.

26 јули 1946, Мирка Гинова беше убиена во Ениџе Вардар заедно со нејзините соработници Томе Михаилов, Димитар Лимбов, Ѓорѓи Проиов, Петре Попдимитров, Ристо Стојанов и Георгиос Мустакидис-Алеко. Денес, во 2022 година, фашистичките грчки власти на Воден сe уште одбиваат да именуваат плоштад или улица во нејзина чест, бидејќи тоа ќе разоткрие дека некои од граѓаните на Грција се борат за своите основни човекови права – да живеат слободно како Македонци.

Сузана првородено дете по земотресот,со мајка и

* 26 јули 1963г.во 7 часот и 20 минути ,во Скопје само два часа по земјотресот  се роди Сузана Стаматовска (родена Крстевска) , првото дете родено по скопскиот земјотрес.

*26 јули 1963.- Во Скопје, од последиците на катастрофалниот земјотрес, умре Димитар Пандилов Аврамовски – Зографски, македонски сликар. Академија заврши во Софија во 1924 година. Извесно време престојуваше на постдипломски студии во Париз, во Монпелје и во други места во Франција. Познати му се циклусите „Жетви“, „Железнички станици – вагони“, „Збегови“ и други. Беше ликовен педагог во гимназија и професор на Школата за применета уметност во Скопје. Самостојно излагаше во Монпелје, во Софија и во Скопје. Роден е во селото Тресонче, Гостиварско, на 1 март 1898 година.

ПЕТРЕ ТОДОРОВСКИ

**26 јули 1991 година, во воениот конфликт во Словенија загина Петре Тодоровски од Кавадарци. Петре Тодоровски служеше воен рок во армијата на поранешна Југославија (ЈНА), во касарната Љубљана поле, во Љубљана.  Загина на 20 години, само дваесет дена пред завршувањето на воениот рок.

Вечна слава!

*26 јули 1996.- Република Македонија стана потписничка на Рамковната конвенција на Советот на Европа за заштита на националните малцинства и потписничка на повелбата на Советот на Европа за регионални или малцински јазици.

*26 јули 1996.- Република Македонија и Европската унија потпишаа рамковна спогодба за соработка на Република Македонија со Европската унија.

*26 јули 1996.- Пристигна Кристофер Хил, првиот американски амбасадор во Република Македониј

Претходниот артикал,Што симболизира зборот: Му падна секирата во медот
Следната статијаПрво родено дете по земјотресот-1963

Оставете одговор

Ве молиме внесете го вашиот коментар
Ве молиме внесете ги вашето име тука