*23 јуни 1870.- Во селото Козица, е роден Јордан Силјанов- Пиперката, еден од најхрабрите и најпопуларните револуционери и војводи од времето на Илинденската епопеја, учесник на Смилевскиот конгрес во мај 1903 година и непосреден учесник во славното Илинденско востание. На 1 август 1903 година, во Церско Поле, Демирхисарско, падна во заседа на турската војска, и тука, откако е ранет, последниот куршум го испука во себе и не се предаде жив во рацете на непријателот.

*23 Јуни 2015 ,започна со градба на скалите до манастирот Св. Петар иПавле во Ајватовци

* 23 јуни 1902 загинал Веле Марков, македонски револуционер, социјалист, крушевски војвода на Македонската револуционерна отганизација, познат под псевдонимот Милтон. Во 1892 година заминал на печалба во Софија, Бугарија, каде се зближил со Васил Главинов и во 1895 година ја основале Македонската социјалистичка група. Во 1899 година, по враќањето во Македонија бил еден од основачите на социјалистички кружок во Крушево и со другите социјалисти стапиле во ТМОРО. Во 1900 година. во Битола основал социјалистички кружок, а во почетокот на 1901 година влегува во четата на војводата Никола Русински. Станал крушевски војвода и загинал во борба со османлиските војници во с. Ракитница.
*23 јуни 1915.– Во Прилеп е роден Кузман Јосифовски – Питу.Основно образование завршил во родниот Прилеп, средно во Битола, а потоа се запишал на Правниот факултет во Белград.За време на студиите во Белград, Кузман започнува со политичка активност и е еден од основачите на македонските студентски друштва „Вардар“ и МАНАПО (Македонски Народен Покрет).Се застапувал за широк македонски народноослободителен фронт од сите чесни Македонци без разлика на народност, вера и пол. По Преспанското советување на 2 август 1943 година доаѓа во Скопје да раководи сонародноослободителното дело, во заднината на фашистичкиот окупатор. За време на бугарската окупација во Македонија живеел тајно во Скопје. Во февруари 1944 бугарската полиција го открила неговиот престој поради што морал да замине во партизани. При обидот да го напушти Скопје, бил убиен од бугарски полицаец во Скопје, на 25 февруари 1944 година. Во 1945г прогласен е за народен херој на Македонија.

* 23 јуни 1934 година во Царев Двор,роден е Кирил Никола Поповски(Г.Г.КИРИЛ) Основното образование го завршува во родното место, а Богословија во Призрен. На Благовештение, 7 април 1964 година, Никола се замонашува во манастирот „Раѓање на Пресвета Богородица” кај Кичево, и со радост го примил името на св. Кирил Солунски. Во тоа својство пролетта 1965 година, младиот архиѓакон Кирил го придружува архиепископот господин господин Доситеј при посетата на САД и Канада, каде асистира при евангелисувањето на првата македонска црква во Торонто, на празникот Цветници, посветена на свети Климент Охридски. На 5 јули 1967 година е избран за викарен епископ со титула тивериополски од страна на Светиот архијерејски синод на МПЦ-ОА и станува негов најмлад член. По унапредувањето во чин архимандрит, на 11 јули истата година, во предвечерието на празникот посветен во чест и слава на апостолите свети Петар и свети Павле, е извршено наречението во епископски чин, а утредента, на самиот ден Петровден, ќе биде хиротонисан за викарен епископ тивериополски. Во 1968 година ја реализира првата посета на северноамериканскиот континент како надлежен архијереј на Американско-канадско-австралиската македонска православна епархија. Митрополитот Кирил како надлежен на Полошко-кумановската епархија почина на 79-годишна возраст на 10 јуни 2013 година. Тој си отиде без најава, без да рече збогум. Притоа, поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, архиепископот Стефан, пред државниот врв, свештенството и верниците се збогуваше од упокоениот митрополит Кирил.Владиката Кирил, по негова желба оставена кај авторот на овие редови како негов биограф, беше погребан во манастирот „Свети Ѓорѓи” во кумановското село Дељадровци.

*23 јуни 1943 година, во селото Лавци, Битолско, загина Тодор АНГЕЛЕВСКИ-Строгов (Тошо Даскалот) припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија. Тој бил во првите редови на напредното учителско движење во кралска Југославија и член на КПЈ од пред војната. Во Народноослободителната борба се вклучил уште во 1941 г. Бил организатор и активен учесник во сите значајни настани од антиокупаторската борба во Битола и Битолско од 1941 до јуни 1943 г. Имал голема заслуга за создавањето на битолските партизански одреди „Пелистер“, „Даме Груев“, „Јане Сандански“ и „Гоце Делчев“. Бил командант на здружениот одред „Даме Груев“ во 1943 г., командант на здружените одреди „Даме Груев“ и „Вичо“, член на Окружниот оперативен штаб и командант на Штабот на Втората оперативна зона. За антифашистичката активност, Ангеловски од фашистичкиот окупаторски суд бил осуден на смрт во отсуство. Неговата глава била уценета со тогашни 200.000 лева. Опколен од бугарската војска и полиција, која ја запалила плевната во која се криел во селото Лавци, за да не падне жив во рацете на окупаторите, се самоубил на 23 јуни 1943 г.

Роден е во село Лавци, Битолско, на 4 јануари 1909 г.
*23 јуни 1995.– Во Скопје, во издание на ПНИД „СТЕП“ излезе првиот број на неделниот весник „Фокус“.
*23 јуни 1999 година,излезе првиот број на дневниот весник „УТРИНСКИ ВЕСНИК“
*23 јуни 2001, во акцијата за заземување на Арачиново загинуваат тројца бранители кај гробиштата во Брњарци. Пет дена подоцна подлегнува припадник на ЕСЗ Тигар на повредите кој ги здобил на 23.06.2001. Битката за ова скопско село почна на денешен ден, а заврши неславно три дена подоцнаЗагинатите Бранители се:

Атанас Јанев од Струмица
Никола Пехчевски од Берово
Александар Стојчев од Скопје и
Оливер Китановски ,почина пет дена покасно од здобиените повреди
.*23 јуни 2001.– Двата борбени авиона „сухој 25“ на македонската воена ескадрила, управувани од пилоти на АРМ, ги извршија првите извидувачки дејствија над македонското небо.









































